Јамаканецот победи на митингот од Дијамантската лига во Монте Карло, иако најбрзиот човек на планетата се уште не е во посакуваната форма.

Сепак Болт истрча доволно брзо да ја победи конкуренција и тоа во време од 9.95 секунди.

Освен Болт под десет секунди трчаше и Американецот, Ајзеа Јанг кој заостана три стотинки (9.98). Третото место му припадна на Акани Симбине од Јужна Африка кој истрча резултат 10.02 секунди.

Како што најави претходно Усеин Болт ја трча својата последна сезона во кариерата, која ќе ја заврши со настап на Светското првенство во Лондон, кое ќе се одржи од 5 до 13 август. /МИА


коментари

остави коментар