Првиот дуел од овие два тима заврши со победа на данскиот клуб од 1:3 на гостувањето во Словачка, што значи дека во вториот меч Копенхаген влегува со голема предност и се наоѓа пред пласман во следната рунда.

Првиот натпревар, пак, помеѓу Малме и Вардар заврши нерешено 1:1, па во вторник во Струмица, по реваншот ќе се знае патникот во следната рунда.

Според ждрепката на УЕФА, Вардар би ја играл првата средба на гостински терен на 25 или 26 јули, додека на реваншот на 1 или 2 август треба да биде домаќин. /МИА

Датум на објава: петок, 14 јули 2017 во 12:49
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар