Иако ракометарите на Вардар ја освоија шампионската титула тие ждребката ќе ја исчекуваат од вториот „шешир“ во кој ќе биде и полскиот тим Киелце.

Вардарци, како и Киелце ќе играат во една од првите две групи (А и Б) кои ќе бројат по осум екипи, а за можни противници ќе ги имаат екипите на: Веспрем, Рајн Некар Ловен, ПСЖ, Кил, Флензбург, Загреб, Нант, Барселона, Висла, Кристијанштад, Алборг, ПИК Сегед, Цеље и Мешков Брест.

Металург кој пак доби вајл-карта и во новата сезона на Лигата на шампионите ќе биде дел од групите Ц или Д.

Тимот од Автокоманда не ќе може да игра против шпанскиот Адемар Леон кој е во првиот „шешир“ како и Металург за денешната ждрепка. Затоа пак можни противници на Металург ќе бидат: Скјерн, Монпеље, Кадетен Шахфаузен, Мотор Запорожје, Бешикташ, Горење, Елверум, Чеховски Медведи, Динамо Букурешт и победникот од квалификациите во кои ќе играат: Алфа Хард (Австрија), Кокс (Финска), Спортинг (Португалија) и Татран Прешов (Словачка).

Што се однесува до дамите. Македонските шампионки извлекувањето ќе го чекаат од првиот шешир во кој се и екипите на: Ѓер (Унгарија), Будуќност (Црна Гора) и ЧСМ Букурешт (Романија)

Во останатите „шетири“ се сместени:

Втор „шешир“: Ларвик (Норвешка), Ростов Дон (Русија), Никобинг Фастер (Данска) и Мец (Франција)

Трет „шешир“: Битигхајм (Германија), Крим Меркатот (Словенија),  ФТЦ Будимпешта (Унгарија) и Митјиланд (Данска).

Четврти „шешир“: Вистал Гдиња (Полска), Брест (Франција) и победниците од двете квалификациски групи (Квалификант 1 и Квалификант 2).

Жени квалификации група 1: Кристијанштад (Норвешка), Подравка (Хрватска), Гомел (Белорусија) и Кастамону (Турција).

Жени квалификации група 2: Турингер (Германија), Хипо (Австрија), Х65 Хорс (Шведска) и Мецалија Атлетико (Шпанија)

Извлекувањето на групите ќе се одржи на вечерва во Љубљана, а натпреварите од 1. коло ќе се играат во втората половина на септември. /МИА

Датум на објава: петок, 30 јуни 2017 во 11:40
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар