Оваа информација ја потврди и Ракометната федерација на Македонија, која успеа да најде решение за ситуацијата и да најде заеднички јазик со тимот на Талески, шампионот на Германија Рајн Некар Ловен.

Ова значи дека Талески ќе му се стави на располагање на селекторот Илија Темелковски за време на подготовките, кои стартуваа денеска. Првите денови од подготовките во Маврово ќе отсуствува Талески, а селекторот очекува на располагање да бидат и поврдените Марко Нелоски и Мартин Томовски.

Младинската репрезентација во сабота се очекува да биде комплетна. Нашата селекција е во групата Ц, каде за ривали ги има: Шпанија, Тунис, Бразил, Русија и Буркина Фасо.

Македонија за Алжир ќе патува на 16 јули.

Датум на објава: среда, 28 јуни 2017 во 18:55
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар