Последната рунда која ќе се игра претстојниот викенд (27-28 мај) треба да разреши две дилеми. Првата е дали Рома или Наполи ќе го освои второто место, а со тоа ќе обезбеди директен пласман во Лигата на шампионите следната сезона, а втората е. Која екипа покрај Палермо и Пескара ќе ја напушти Серија А.

Екипата на Емполи има само еден бод повеќе од Кротоне кој е на 18.место на табелата.

На претходно одиграните натпревари од ова коло беа постигнати следниве резултати:

Наполи – Фиорентина 4-1,
Киево – Рома 3-5,
Јувентус – Кратоне 3-0,
Милан – Болоња 3-0,
Удинезе – Сампдорија 1-1,
Сасуоло – Каљари 6-2,
Џенова – Торино 2-1,
Емполи – Аталанта 0-1 и
Лацио – Интер 1-3.

Табела: Јувентус 88 бода, Рома 84, Наполи 83, Лацио 70, Аталанта 69, Милан 63,...... Емполи 32, Кротоне 31, Палермо 23 и Пескара 17. /МИА

коментари

остави коментар