Кошаркарите на Хјустон до третиот тиумф во полуфиналето од Западната конференција против Сан Антонио стигнаа со синоќешната победа на гостински терен и тоа по продолженое со 110:107 откако регуларниот дел заврши нерешено 101:101.

„Ракетите“ до оваа победа ги предводеше Џејмс Харден кој средбата ја заврши со „трипл-дабл“ од 33 поени, а имаше и по 10 скокови и асистенции. Во редовите на Сан Антонио најефикаасен беше Кавај Ленард со 22 поени и 15 скокови.

Следниот четврти меч на програмата е во петок (12 мај) наутро во 2 часот по полноќ по македонско време, а ќе се игра во Хјустон.

Победникот од овој дуел во финалето ќе игра против Голден Стејт.

Во финалето пак на „Истокот“ актуелниот шампион Кливленд го чека исходот од пресметката меѓу Бостон и Вашингтон дуел во кој моменталниот резултат е 2-2 во победи. /МИА

Датум на објава: среда, 10 мај 2017 во 10:27
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар