Шкендија и Пелистер ќе играат во финалето на фудбалскиот Куп на Македонија.

Во тензична атмосфера, кошкање, црвени картони и со прекин од половина час во тетовскиот реванш, Шкендија загуби од  Вардар со 1-0 но благодарение на скопскиот триумф со 3-1 тетовци одат во финалето.

Пелистер ја победи Брегалница со 1-0 и ја потврди штипската предност што гласеше 2-2 .

Голот за пирова победа на Вардар го постигна во второто полувреме Дарко Велковски додека стрелец на погодокот за Пелистер беше Лукас. 

Датум на објава: среда, 19 април 2017 во 18:36
Зоран Цветановски

коментари

остави коментар