Најдобар играч во победничката екипа беше Леброн Џејмс со трипл-дабл ефект – 41 поен, 16 скока и 11 асистенции.

Нов трипл-дабл оствари и кошаркарот на Оклахома Расел Вестбурк. За него ова беше 40-ти сезонски (40 поени, 13 скока и 10 асистенции) и петти во низа со постигнати повеќе од 30 поени. Но, и тоа не беше доволно неговуиот тим да го избегне поразот од Шарлот.
Резултати на синоќа одиграните дуели во НБА лигата:

Њујорк – Бостон 94:110,
Оклахома – Шарлот 101:113,
ЛА Лејкерс – Мемфис 108:103,
Милвоки – Далас 105:109,
Сан Антонио – Јута 109:103,
Бруклин – Атланта 91:82,
Кливленд – Индијана 135:130 (по продолженија),
Мајами – Денвер 113:116,
Њу Орлеанс – Чикаго 110:117,
Торонто – Филаделфија 113:105,
Голден Стејт – Вашингтон 139:115 и
Феникс – Хјустон 116:123.

Пласман Западна конференција: Голден Стејт 63-14 (победи-порази), Сан Антонио 59-17, Хјустон 52-25, Јута 47-30, ЛА Клиперс 47-31, Оклахома Сити 43-33, Мемфис 42-35, Портланд 38-38,...

Пласман Источна конференција: Бостон 50-27 (победи-порази), Кливленд 49-27, Торонто 47-30, Вашингтон 46-31, Милвоки 40-37, Атланта 39-38, Чикаго 38-39,  Мајами 37-40, Индијана 37-40,... 

Датум на објава: понеделник, 03 април 2017 во 09:45
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар