Вардар вчера во последното коло од Б-група го победи Кристијанштад со 32:29 за потврда на лидерската позиција.

- Знаевме дека играат брз ракомет и дека ќе имаме проблеми со оглед на нивните претходни мечеви со фаворитите. Тие беа и добро мотивирани. На почетокот кај нас се функционираше добро. Во второто полувреме зборував дека не треба да се опуштаме, бидејќи ќе играат цел меч со 100 отсто. Имавме проблеми со одбраната. Задоволен сум што сме прво место. Сега имаме пауза и треба да се спремаме за тие натпревари. Горд сум на моите играчи од почетокот на сезоната до сега, изјави Раул по триумфот над шведскиот шампион.

Поради освоената прва позиција Вардар ќе го прескокне осминафиналето и ќе игра директно во четвртфиналето од елитното натпреварување. /МИА

Датум на објава: понеделник, 13 март 2017 во 10:07
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар