Нико Розберг постигна девет победи во 2016 година.

На последната трка победи Луис Хамилтон (Мерцедес), пред Розберг, додека на третото место заврши возачот на Ферари Себастијан Фетел.

Во последните кругови Хамилтон ја „забавуваше“ трка со цел конкурентите на Розберг за второто место да го минат, но Розберг успеа да го задржи второто место кое го имаше од стартот на трката.

Нико Розберг стана трет Германец со титулата светски првак, по Михаел Шумахер и Себастијан Фетел. Шампионска титула има освоено и неговиот татко Кеке, но како Финец. Две титули има и семејството Хил, Британците Греем и Дејмон.

Генерален пласман: Нико Розберг 385 бодови, Луис Хамилтон 380, Даниел Рикардо 256, Себастијан Фетел 212, Макс Верстапен 204,..
Пласман на конструктори: Мерцедес 765, Ред Бул 468, Ферари 398,...

Следната сезона во Ф1 шампионатот ќе почне на 26.март со трката во Мелбурн за Големата награда на Австралија.   

Датум на објава: недела, 27 ноември 2016 во 17:05
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар