Даниел Рикардо од Ред Бул ќе тргне од втората позиција, додека трето време во квалификациите оствари лидерот во генералниот пласман и актуелниот светски шампион Луис Хамилтон од Мерцедес.

Покрај него, од вториот ред, ќе почне Макс Верстапен од Ред Бул.

Петтата стартна позиција е за Кими Раиконен, а веднаш до него во третиот ред ќе биде Карлос Саинц.

Четирикратниот светски шампион Себастијан Фетел од Ред Бул ќе стартува од последното место поради проблеми со болидот. 

Датум на објава: сабота, 17 септември 2016 во 17:22
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар