Возачот на Мекларен денеска оствари најдобро време во квалификациите на патеката Хунгароринг, остварувајчи ја третата пол-позиција сезонава. Веднаш зад него во првиот стартен ред ќе биде неговиот клупски колега и најголем конкурент за шампионскиот трофеј Луис Хамилтон.

Од вториот ред трката ќе ја започнат, возачите на Ред Бул, Даниел Рикардо на Макс Верстапен, додека пилотот на Ферари, Себастихјан Фетел ќе стартува од петата позиција.

Во генералниот пласма водечки по 10 трки е Нико Розбер со 168 бодови, само еден повеќе од клупскиот колега Луси Хамилтон. По нив следуваат: Кими Раиконен (Ферари) 106, Даниел Рикардо (Ред Бул) 100, Себастијан Фетел (Ферари (98), Макс Верстапен (Ред Бул) 90 ...

Трката за Големата награда на Унгарија ќе се вози утре со почеток од 14 часот. /МИА

Датум на објава: сабота, 23 јули 2016 во 17:28
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар