Швајцарката Гут-Бехрами ја забележа 40. победа во кариерата

 Швајцарската скијачка Лара Гут-Бехрами ја оствари 40 победа во кариерата, постигнувајќи најдобар резултат на денешниот супервелеслалом одржан во австрискиот ски центар Алтенмаркт.

Половина од вкупниот број победи, 32-годишната Гут-Бехрами ги оствари во супервелеслалом, а токму на истата патека во оваа дисциплина ја забележа втората победа во кариерата, во 2011 година.

Речиси два километри долгата патека Гут – Бехрами ја мина за помалку од 75 секунди (1:14, 95) и со тоа спречи двојно австрискио славје, откако Корнелија Хутер заврши второпласирана, а нејзината сонародничка Мирјам Пушнер го освои третото место.

Американската скијачка Микаела Шифрин, кој ги прескокна натпреваруватата во Светскиот куп овој викенд, остана водечка во генералниот пласман со 929 бодови, пред Италијанката Федерика Брињоне (789) и Гут – Бехрами (749). /МИА

106 – годишен дедо скокна со падобран и постави светски рекорд (ВИДЕО)

Алфред „Ал“ Бласке од Тексас ја врати титулата „најстар падобранец на светот“ откако скокна од авион на 106 години и 327 дена.

Тој за прв пат влезе во Гинисовата книга во 2020 година, кога скокна од 4.260 метри за да го прослави дипломирањето на своите внуци. Тој тогаш имал 103 години.

„Тоа беше мојот сон. Никогаш не мислев дека ќе живеам толку долго“, изјавил Блашке.

Интересно, тоа бил неговиот втор скок со падобран досега, а првпат се осмели на својот 100-ти роденден, пренесува UPI.com.

За потсетување, неговиот рекорд го собори Дороти Хофнер (104) од Чикаго, која почина малку подоцна во дом за стари лица.

Претходно, титулата „најстар падобранец“ ѝ припаѓаше на Швеѓанката Рут Линеа Ингегард Ларсон, која скокна на 103 години и 259 дена.

"Ако мислите дека не можете, се потценувате. Сите се поспособни отколку што мислат. Само треба да донесат одлука да се обидат", изјави Блашеке по новиот рекорд.

Џафери: Спроведовме европски избори и придонесовме во европското поведение на земјата

Техничката влада го положи тестот, смета Талат Џафери кој на прес конференција се осврна на работата на владата во изминатите 100 дена. 

Очекува, како што рече, европскиот пат да го продолжи новата извршна власт, но немаше конкретен одговор на прашањето дали е подготвен да замине во опозиција по изјавите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека нема да преговара за коалиција со интегративците.

-Јас сум премиер и размислувам за мандатот што треба да го завршам. Тоа се прашања на органите на партијата и во тој контекст да завршат преговорите, другото е прашање на исходот од преговорите за состав на нова влада,- изјави – Талат Џафери – Технички премиер.

Откако вчера Државната изборна комисија ги објави првичните официјални изборни резултати почнаа да течат роковите за приговори за Претседателските и Парламентарните избори, кои завршуваат вечерва. Досега не добиле ниту еден приговор, и ако остане така во рок од 24 часа Комисијата ќе ги објави конечните резултати од изборите. До Собранието треба да го достави извештајот за резултатите од Претседателските избори, по што според најавите собранискиот спикер Јован Митрески ќе ја закаже за в недела напладне собраниската седница за инаугурација на новоизбраната претседателка на државата Гордана Силјановска Давкова.

Согласно новиот собраниски Деловник, новоизбраниот парламентарен состав треба да ја одржи конститутивната седница најдоцна до 28 мај, односно најдоцна 20 дена по одржаните избори. Конститутивната седница ќе трае најмногу три дена, а треба да ја свика сегашниот претседател на Собранието, Јован Митрески. Најдоцна десет дена по конститутивната собраниска седница треба да биде доделен мандатот за формирање Влада на партијата или партиите со најголем број пратенички мандати на изборите – во случајот ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Мандатот на Мицкоски ќе му го додели претседателката Силјановска Давкова. Мандаторот, пак, во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на новата Владата, која се гласа со мнозинство гласови во Собранието – односни 61 пратеник. Согласно роковите, Македонија би требало да ја добие новата Влада најдоцна до 27 јуни, а во меѓувреме продолжува мандатот на техничката Влада.

Вратени старите цени на полисите за автоодговорност, но не и парите на граѓаните

Се уште не се знае дали на околу 10.000 граѓани кои платија поскапо осигурување за регистрација на автомобилите, ќе им бидат вратени пари, откако од вчера стапи на сила одлуката за враќање на старите цени.

Канал 5 стапи во контакт со неколку компании, од каде ни соопштија дека евентуално враќање на средства ќе биде заеднички став во консултација со Групацијата на осигурување при Стопанската комора.

Од Групацијата, засега не ни одговорија дали на граѓаните кои платија повисока цена, ќе им биде вратена разликата.

Оние кои ги анкетиравме го поздравија враќањето на старите цени, а оние кои платија поскапо осигурување се во исчекување дали ќе добијат дел од парите назад.

Одлуката за зголемување на цената за 15 отсто на задолжителната осигурителна полиса се донесе на крајот на април, со образложение од компаниите дека цената повеќе од 10 години е непроменета, а трошоците им пораснале.

Агенцијата за супервизија на осигурување се спротивстави на тоа, па падна одлука за враќање на претходната цена на осигурителните полиси.

притисни ентер