Мицкоски: Народот кажа, идната коалиција ќе ја предводат ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“

Изборната кампања влегува во втората половина, а со неа и постизборните комбинаторики.

За ВМРО-ДПМНЕ и за коалицијата „Вреди“ веќе нема дилеми кој треба да ја предводи новата македонска влада.

Ивана Стојановска ги има информациите.

Ивана, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ попладнево со веројатно најексплицитна порака досега?

Во видеото погледнете го целиот извештај.

Работни групи на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди на преговори за идната влада

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Вреди денеска треба да ги продолжат разговорите на ниво на работни групи за евентуално коалицирање во идната влада, откако викендот ги договорија општите начела за соработка.

-Соработката ќе се базира на три постулати: евроинтеграции, забрзан економски развој, борба против криминалот и корупцијата и владеење на правото. - Заклучено е дека двете страни ќе формираат работни групи, на кое ниво ќе продолжат разговорите до нивно финализирање, информираше ВМРО-ДПМНЕ по средбата што се одржа завчера во штабот на Вреди.

На средбата присуствуваа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски со партиските потпретседатели и лидерите од партиите во Коалицијата Вреди Арбен Таравари, Изет Меџити, Биљал Касами и Африм Гаши.

Од коалицијата Вреди по средбата оценија дека преговорите се одвиваат во позитивна и вистинска насока.

Според првичните официјални резултати за парламентарите избори што ги објави ДИК, Коалицијата Твоја Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ освоено најмногу пратенички мандати, 58, по што следуваат Коалицијата Европски фронт предводена од ДУИ со 19 пратенички мандати, Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ , 18, Коалицијата ВЛЕН, 13, а Движење ЗНАМ за наша Македонија и Левица по шест пратенички мандати.

За изборните резултати до ДИК се поднесени 27 приговори, девет од Коалицијата Вреди, осум од ВМРО-ДПМНЕ, пет од СДСМ и четири од Левица. Претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски вчера на седница на ДИК посочи дека станува збор за групни приговори со опфатени повеќе избирачки места. Од Европскиот фронт предводен од ДУИ оценија дека со поднесени приговори до ДИК од други политички партии за нерегуларности на избирачки места во изборните единици 5 и 6 се прави обид да им се одземат два пратенички мандата.

Мицотакис: Провокативна, незаконска и недозволива иницијатива од новата претседателка Давкова

Провокативна, незаконска и недозволива иницијатива од новата претседателка на С.Македонија

Нелегална, недозволива и провокативна, ја карактеризира грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, одлуката на Гордана Сиљановска Давкова да го користи името Македонија за време на нејзината инаугурација и паралелно ја повика новата претседателка „да се врати на законските должности и на однесувањата кои произлегуваат од нејзината улога“, но и порача дека „секој чекор на Скопје кон Европа“, меѓу другото, зависи и од употребата на уставното име, јави дописничката на МИА од Атина.

Во опширниот пост на Фејсбук објавен рано утрово, Мицотакис потсетува на позициите на Нова демократија додека беше опозиција, истакнува дека Грција не прифаќа вакви пропусти и посочи дека името, избегнувањето провокации и почитувањето на Договорот од Преспа се клучни и за напредокот на билатералните односи и за ЕУ перспективата на земјата.

-Провокативниот избор на новата претседателка на С. Македонија да го прекрши официјалниот текст на заклетвата и да ја нарече земјата со различно име претставува нелегална и недозволива иницијатива. Чин кој го прекршува Договорот од Преспа и самиот устав на нејзината држава. Но и поткопување на иднината на државата, како што веќе изјавија претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, напиша грчкиот премиер.

Додаде дека Нова демократија како опозиција и гласаше против Договорот од Преспа и предупреди за проблемите што се создаваат, но посочи дека сега, како Влада, го почитуваат „грчкиот потпис на меѓународен договор, обврзувачки за земјата“.

-Грција ги отфрла начините на управување како овие со кои госпоѓа Силјановска го започнува својот мандат. Ја повикува да се врати на нејзините законски должности и на однесувањата кои произлегуваат од нејзината улога. Категорично изјавуваме дека нема да прифатиме вакви неприфатливи грешки. И повторуваме дека секој напредок во билатералните односи, како и секој чекор на Скопје кон Европа, зависат од искреното почитување на договореното. Од правилната употреба на уставното име на соседната држава. И, секако, од избегнувањето провокации, напиша Мицотакис на Фејсбук.

Победа над Фарски острови - македонските ракометари се пласираа на светско

Најдобрата машка ракометна репрезентација на Макеоднија со херојска победа над незгодната селекција на Фарските острови во бараж реваншот од 34-26 во преполната арена Борис Трајковски обезбеди деветото учество на Светските првенства.

Црвено жолтите водени од осмиот играч публиката со маесгтрална игра во одбрана и организиран и убиот напад ја неутрализираа негативата од првиот меч од 7 голови од гостувањето кај Фарските острови и извојуваа уште една историска побеа во еден бараж двомеч со кој го продолжуваме континуитетот на учества на големите натпреварувања.

Избраниците на селекторот Лазаров го положија најтешкиот тестот на зрелост во вистински момент, комбинираната македонска селекција од млади и искусни ракометари го заборави лошиот ден од првиот бараж меч во Торшавн и со храбра и зрела игра на домашен терен направи хеојски подвиг вреден виза за светски шампионат.

Во одличната селекција на Македонија најзаслужни за големиот триумф се маестралните Пешевски и Кузманосвки дсо 8 односно 7 голови и брзиот и неверојатен Митев со шет погодоци.

По големиот и заслужен успех нашите најдобри ракометари заедно со раководството на ракометната федерација во соблекувалната со песната „едно име имаме“ го прославија седмото учество во низа на еден ракометен мундијал.

притисни ентер