Причината за шокантните промени кај едно момче не била откриена цели 18 месеци

Неговото насилно однесување ги збунило и лекарите...

ПАНДАС – откриен од неврологот на детската болница

До деветгодишна возраст, Оливер бил дружељубив и популарен во своето училиште. Тој бил претседател на училишниот совет, но сè се променило во јануари 2020 година кога се вратил дома од училиште и делувал потивко од вообичаено. Неговата загрижена мајка Меган го проверувала во текот на ноќта и била шокирана од промената. Според неа, „како да бил вклучен прекинувач“. Оливер се соблекол по гаќи, се нишал среде соба, со вклучен вентилатор среде зима и отворен прозорец. Викал и тврдел дека кожата му е жешка. Преку ноќ станал психотичен. Ова насилно однесување ги збунувало медицинските стручни лица цели 18 месеци.

По долгомесечното барање одговор, Меган ја пронашла веб-страницата на добротворната организација „PANS PANDAS UK“. Нејзиното откритие довело до тоа на Оливер во октомври 2021 г. да му биде дијагностициран ПАНДАС од невролог во детската болница во Бирмингем. На Оливер му препишале комбинација од антибиотици, антиинфламаторни лекови и терапија, но тој не излегува од дома веќе две години, од последниот прием во болницата. Сега, на 14 години, тој не носи ништо освен прекривка, не поднесува човечки допир и комуницира со своите родители од врвот на скалите, пренесува британски Сан.

ПАНС И ПАНДАС - Ретка медицинска состојба која брзо ги погодува децата

ПАНДАС (педијатриско автоимуно невропсихијатриско нарушување поврзано со стрептококни инфекции) е состојба која се јавува ненадејно и може да влијае на физичкото и менталното здравје кај децата и младите. ПАНДАС специфично се активира од стрептококна инфекција од групата А, која може да предизвика погрешен имунолошки одговор и воспаление на мозокот. Децата погодени од оваа состојба може да бидат на возраст од три години, кога ќе се појават првите симптоми, но овој синдром може да се појави до пубертетот.

Според „PANS PANDAS UK“, во моментов не постои начин да се дознае колку точно деца се погодени од оваа состојба во Велика Британија. Проф. Рајат Гупта консултант детски невролог на Детската клиника во Бирминген, кој ја дијагностицирал состојбата на Оливер изјавил дека со ваква состојба се дијагностицирани околу 100-тина деца. Постои мала свест кај медицинските професионалци во Велика Британија за оваа состојба.

- Децата кои се однесуваат вака може да имаат состојба која лесно може да се лекува со кратка двонеделна терапија со антибиотици - изјавил професорот Рајат.

Работната група и истражувањето „PANS PANDAS“

Работната група PANS PANDAS е основана во 2022 година и се состои од невролози, имунолози и педијатри. Целта на групата е да ги подобри стандардите за грижа на луѓето со ваква состојба и да постигне национален консензус за тоа како да се дијагностицираат и третираат овие состојби. Групата исто така е во процес на спроведување на истражување низ Велика Британија со цел да добие појасна слика за тоа колку луѓе се погодени од оваа состојба.

Д-р Минг Лим, консултант педијатриски невролог во Детската болница Евелина во Лондон, кој е дел од работната група, навел дека една од причините поради кои ПАНДАС е контроверзна состојба е тоа што не постои специфичен биомаркер - како што е скенирање на мозокот или тест на крвта – кој би потврдил дека некој ја има таа состојба.

Ели, случај на ПАНДАС со брз одговор на терапијата

Родителите на едно 13-годишно девојче, исто така погодено од ПАНДАС, ги опишале нејзините први суптилни симптоми пред брзото влошување. Ели имала болки во грлото, а нејзините родители ѝ дале лек за оваа нелагодност со надеж дека ќе закрепне. Меѓутоа, откако се вратила од училиште, доживеала напад на паника, била преплашена и изгледала како да ќе земе нож од кујнската фиока и ќе се прободе во градите. Ели имала и други симптоми, но бргу закрепнала со помош на терапијата.

Авио компанија е казнета со 300.000 долари - ги држеле патниците во авион и по 4 часа

Американското Министерство за транспорт го казни Воларис со 300.000 долари за кршење на федералните закони за одложување на летовите.

Авиокомпанијата мора да плати казна од 150.000 долари сега, со можност да се соочи со дополнителни 150.000 долари доколку има слични прекршоци во следната година.

Според прописите, меѓународните летови не можат да останат на платформата на аеродромот повеќе од четири часа без да им дозволат на патниците да излезат од авионот.

Воларис во текот на 2021 и 2022 година дозволи два лета да ја надминат оваа граница без да им даде можност на патниците да ги напуштат авионите.

Летот на Воларис 5892 од Гвадалахара до Далас Форт Ворт бил пренасочен кон меѓународниот аеродром Џорџ В. Буш на 17 август 2021 година и имало доцнење од пет часа и 32 минути.

Летот 826 од Мексико Сити до Чикаго О'Харе бил пренасочен кон Сент Луис на 23 јули 2022 година и имал четири часа и 35 минути доцнење на пистата.

Управата за заштита на потрошувачите во воздухопловството на Министерството за транспорт извршиле истрага и утврдиле дека ниту еден од исклучоците од т.н. Правилата за одложување на пистата не биле применливи за овие летови, објави денеска Транспорт.

Одделот наложи повеќе од 164 милиони долари казни против авиокомпании за кршење на правата на потрошувачите за време на администрацијата на Бајден.

Небиу: Да се спуштат топката и тонот за да се решаваат проблемите

Пандов: Jас се самоидентификувам како Македонец, мојата држава е Македонија

Небиу:

Прво треба да се спуштат топката и тонот за да се решаваат проблемите. Треба да ги следиме тоновите на ГЕРБ кои најверојатно ќе се вратат на власт , тие се смирувачки, иако Радев не е од ГЕРБ, но темата Макеоднија се користи за исборни цели. Во последните пет години сите носители на јавни функции го користеа новото име, сега ова би било ретерирање од т.н. преседан и треба да им кажеме на граѓаните дека ќе следува реакција од Грција.

Пандов:

Не постои некој од ВМРО-ДПМНЕ што ќе го употребува новото име. Не постои човек во Македонија кому не му е навредливо новото име, тоа е нешто на кое сме се заколнале.За две недели имаат избори во Грција и заканите ќе им останат во кампања. Она што е во устав, тоа што е направено е направено, не велам дека ќе го менуваме Преспанскиот договор, не ни е ова да се караме со Грците, но човеково право е да се јас самоидентификувам како човек, а јас се самоидентификувам како Македонец, мојата држава е Македонија.

Додик: Не ја прифаќаме резолуцијата, ќе предложиме разединување со БиХ

Милорад Додик, претседателот на Република Српска, во Сребреница изјави дека Босна и Херцеговина е доведена во најголемата политичка криза од која нема да излезе.

„Нема да ја прифатиме резолуцијата, а Српска, вели, ќе подготви извештај за прекршување на Дејтонскиот договор и ќе испрати договор за мирно раздружување до Федерацијата.“ Премиерот Радован Вишковиќ вели дека мирното раздвојување не е отцепување, објави РТС.

„Сребреница е дел од Република Српска, не се срамиме од ова место, ова е место каде живеат чесни луѓе од различни националности“. Вака Милорад Додик го започна своето обраќање по седницата на републичката Влада во Сребреница.

Тој рече дека ја цени болката и на белите и на црните марами и дека сите жртви треба да се третираат со почит. Но, она што тој нема да го прифати, вели тој, е резолуцијата за Сребреница и напорите за ревизија на историјата Таму, вели Додик, нема соработка.

„Затоа ќе ја подготвиме информацијата за прекршување на Дејтонскиот договор, ќе ја доставиме до Собранието во рок од 30 дена и ќе го претставиме нашиот предлог за Договор за раздружување. Сакаме да разговараме со нашите партнери во Федерацијата на мирен начин, да ги кажеме причините зошто сакаме да се разделиме и да се вратиме на суверенитет на РС“, рече Додик.

Премиерот Радован Вишковиќ потврдува дека републичката влада ќе направи договор за мирно раздружување во следните 30 дена. Договорот, вели тој, ќе биде препратен во Сараево.

„Ние не сакаме конфликти. Ова не е отцепување, мирното разединување не е отцепување. Ако некој не смета за геноциден народ, нема причина за соживот“, нагласува Радован Вишковиќ, премиер на РС.

Српска ќе бара поддршка за разединување од пријателските земји, но и во Парламентот во Белград.

Според Додик, Сребреница одамна е политичко прашање и со резолуцијата сега сакаат да му припишат колективна одговорност на српскиот народ. Затоа БиХ е во најголемата политичка криза од која, вели, нема да излезе.

„Која е целта на оваа резолуција? Да ни ја наметнете, дека сега ја прифаќаме како таква, бидејќи не е обврзувачка резолуција. Па, нема. Веднаш ви велам дека нема, нема да го славиме 11 јули како ваш ден, нема да одбележуваме ништо што е напишано таму“, нагласува Додик.

Венци беа положени за повеќе од три и пол илјади убиени Срби во Братунац и Сребреница, но не и во Меморијалниот центар во Поточари, бидејќи тоа не го дозволија.

Беше договорено да се разговара и за воспоставување заеднички датум за одбележување на страдањата на сите народи во Сребреница.

Во оваа и следната година од буџетот за Сребреница и Братунац ќе бидат издвоени десет милиони марки.

притисни ентер