Харис Џиновиќ и официјално е разведен: Мелина е никаква жена, важни ѝ се само парите

Пејачот Харис Џиновиќ денеска пристигна на првото рочиште за разводот од сопругата Мелина Џиновиќ.

Рочиштето се одржало во Белград, а Мелина не се појавила. По излегувањето од судот, Џиновиќ изгледал скршено, како што пренесуваат српските медиуми, а не ја поштедил сега веќе поранешната сопруга, тврдејќи дека таа е „никаква жена“.

„Прашајте ја зошто не дојде, немам никакво сознание. Двете страни се договорија, судот ја прифати и ја донесе пресудата. Официјално сум разведен. Се чувствувам одлично. Ова е сосема нормална работа, нема причина за славење, луѓе се согласија да не живеат заедно. Поддршката на мојот син ми значи многу“, изјавил пејачот, пишува Блиц.

"Не им верувам на жените. Мелина не е жена. Јас сум виновен што се потпирам на туѓата свест. Самата рече дека е материјалистка, ја интересираат само парите. Не ми е гајле со кого ме изневерувала. Син ми е многу лут на неа, не се каам, купував сè за неа, таа е материјалистка“, додаде тој.

Да потсетиме дека Харис и Мелина се запознале во 2003 година. Првпат ја видел во кафуле во родното Сараево, но не бил мирен додека не го добил нејзиниот телефонски број. Се венчаа по 11 години заедно во Дубровник на спектакуларна едрилица долга 88 метри. Пејачот не дозволи разводот да влијае на неговите деловни обврски и продолжи со концерти низ регионот.

Пејачот неодамна за прв пат проговори за причините за разделбата. "Таа ја знае причината, ме остави, јас не ја оставив. Не знам ништо, обично сопругот кој е изневерен последен дознава", рекол Харис.

„Луѓето велат дека разводот после смртта е најтешката работа. Јас малку би го негирала тоа. Ако не ти се допаѓа да бидеш со мене, ниту јас не сакам да бидам со тебе“, заклучил пејачот. Тој додаде дека разводот не бил тежок за нивните деца Џина (20) и Кан (18), бидејќи тие се веќе полнолетни.

Демократскиот сојуз ќе го одржи седмиот Конгрес

 Демократскиот сојуз денеска ќе го одржи седмиот Конгрес.

Како што информираат од партијата, на Конгресот што ќе се одржи во хотел „Александар Палас“ се очекува да биде усвоен Повик до граѓаните да се вклучат во промените, како и врвни и стратешки приоритети на ДС за наредниот период.

Ирак ги криминализираше хомосексуалните врски; максимална казна до 15 години затвор

Ирачкиот парламент синоќа усвои закон со кој се криминализираат хомосексуалните односи и трансродовите лица, со казни кои можат да изнесуваат и до 15 години затвор.

Законот е донесен по првата верзија, која предвидуваше смртна казна.

Веднаш реагираше меѓународната невладина организација Амнести интернешенел, која го критикуваше „кршењето на основните човекови права“, оценувајќи дека усвоените амандмани „ги загрозуваат Ирачаните кои и онака секојдневно се малтретирани“.

Тие амандмани, со кои се менува законот против проституција од 1988 година, беа усвоени на седница на која присуствуваа 170 пратеници од вкупно 329, соопшти прес-службата на ирачкиот парламент.

Новиот закон предвидува казни од десет до 15 години затвор за хомосексуални односи, како и за размена на сексуални партнери (свинг) во хетеросексуални односи.

Законот забранува „секоја организација која промовира хомосексуалност во Ирак“, со седумгодишна затворска казна за „промовирање на хомосексуални односи“.

Законот, исто така, забранува „промена на биолошкиот пол врз основа на индивидуални желби или преференции“ и предвидува казна затвор од една до три години за секое лице или лекар што е вклучен во родова транзиција.

Слична казна е предвидена за секој маж чие однесување се смета за женствено.

Ирачкото општество ја отфрла хомосексуалноста, а малата ЛГБТ+ заедница често е цел на „киднапирање, силување, тортура и убиства“ од вооружени групи кои остануваат неказнети за нивните злосторства, се вели во извештајот на меѓународната невладина организација Хјуман рајтс воч од 2022 година.

Зеленски: На Украина и требаат најмалку седум ПВО системи „Патриот“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека на Украина и се потребни најмалку седум системи за противвоздушна одбрана „Патриот“ и ги повика украинските партнери да не губат време за да испратат „одлучен сигнал“ до Русија.

Секако, им благодарам на сите партнери кои веќе ни помогнаа со испраќање на системи за противвоздушна одбрана, од кои секој е неопходен за заштита на човечки животи. Важно е сите нови договори со партнерите за зајакнување на нашата противвоздушна одбрана, која веќе постои, да профункционираат што побрзо. На Украина и требаат седум системи за противвоздушна одбрана, тоа е минимумот, рече Зеленски, пренесува „Украинска правда“.

„Не смееме да губиме време, треба да испратиме одлучувачки сигнал“, рече Зеленски и посочи дека за време на вчерашниот масивен руски ракетен напад со 34 проектили, „непријателот таргетирал различни објекти на енергетската инфраструктура - објекти за транзит на гас и објекти од електроенергетскиот систем".

Тој додаде дека, меѓу другото, безбедноста на снабдувањето на Европската Унија зависи од овие транзитни капацитети на гас.

притисни ентер