Флекс Кредит доби награда за најдобарa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’

Втора година по ред специјализираниот портал за вработување-vrabotuvanje.com ја организира манифестацијата ,,Работодавач на годината’’, на која ги прогласува најдобрите работодавачи и најдобрите практитки имплементирани во полето на човечките ресурси.

Флекс Кредит оваа година доби награда за најдобарa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’.

Оваа награда е уште една потврда дека луѓето, вработените ни се секогаш на прво место! Изминатата година имавме голема експанзија и го збогативме тимот за нови 110 вработени со крајна цел: да понудиме добра и квалитетна услуга за нашите клиенти.

Нашите вработени може да се пофалат дека работат во компанија со многу настани, бенефиции, дружења, како и можности за кариерен раст и развој.

Работобарателите пак, не препознаваат по активностите кои ги креиравме кон нашите вработени, како и по можностите за кариерен развој,

2023 година ја започнавме со нашата стратегија за ,,Employer Branding’’ во која го синтетизиравме искуството, идеите и желбите и ги претворивме во реализација, со цел креирање на визија на ,,Работодавач кој претставува прв избор при вработување’’.

Креиравме долгорочна стратегија со точни и прецизни насоки каде сакаме да стигнеме, да привлечеме вработени кои ќе го делат успехот со нас и кои ќе овозможат оддржливост на долг рок, додека истовремено уживаат во секој момент во работењето во Флекс Кредит.

Оваа награда ни е прва и многу значајна и истата ја посветуваме на сите кои веруваа во нас, на нашите колеги, на нашите претпоставени и на нашите семејства - изјави Лилјана Бојковска - Менаџер за човечки ресурси во Флекс Кредит.

Тошковски: Голем недостаток на човечки ресурси и недостиг на опрема во ЕБПС

ЕБПС се соочува со голем недостаток на човечки ресурси и недостиг на возила и материјално-технички средства.

Единицата за безбедност на сообраќајот на патиштата (ЕБПС) и Единицата за увид на место на настан и анализа (ЕУМНА) при Секторот за внатрешни работи Скопје, се соочуваат со голем недостаток на човечки ресурси и недостиг на опрема, потребни за зголемување на безбедноста во сообраќајот, беше посочено на денешната работна посета на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на овие единици, каде одржа состаноци со раководствата.

-ЕБПС се соочува со голем недостаток на човечки ресурси и недостиг на возила и материјално-технички средства кои им се основна алатка за постапување и одржување на високо ниво на безбедност во патниот сообраќај. Исто така, беше посочено дека потребни се промени во законската и подзаконската регулатива со цел допрецизирање на одредбите кои ја регулираат оваа материја, а се со цел побезбеден сообраќај и помалку жртви, изјави министерот Тошковски.

Тој потенцира дека ЕУМНА е една од круцијалните организациски единици кога се работи за ефикасно работење во делот на кривичната материја имајќи ја предвид природата на нивната работа.

- И во оваа Единица има голем недостаток на човечки ресурси, но и соодветни обуки кои ќе го подигнат нивото на квалитет на нивната работа, како и инвестирање во нова, пософистицирана опрема согласно најсовремените технологии и практики, рече Тошковски.

Спасовски: Просечна плата од 1.100 евра и минимална плата од 600 евра

Носителот на листа на кандидати за пратеници од ИЕ2 предводена од СДСМ и Коалицијата за европска иднина, Оливер Спасовски, се сретна со граѓаните од Чучер Сандево.

„СДСМ е рамо до рамо со граѓаните, сите на 8 мај за број 1!

Со СДСМ е можен европски животен стандард, со просечна плата од 1.100 евра и минимална плата од 600 евра”, рече Спасовски, наведувајќи мерки за младите од Програмата за европска иднина.

“Програмата за млади предвидува по 200 евра за прво вработување за млади до 26 години, субвенции и поволни цени за купување сопствен дом за млади до 29 години, како и гарантирана плата за млади, додека грантовите за отпочнување на сопствен бизнис за млади, се зголемува на 8.000 евра”, истакна Спасовски, додавајќи платите во здравството ќе продолжат да раснат.

„Платите на медицинскиот персонал значително ќе се зголемат. Специјалистите ќе имаат до 180.000 денари плата, општите доктори, до 120.000 денари. Медицинските сестри, до 90.000 денари.

СДСМ нема да се откаже од унапредување на работничките права, раст на платите, подобро платени работни места” рече Спасовски.

Ердоган: Запрепастени сме од лицемерната политика на западните лидери кон Газа

За западните демократии е срамно и скандалозно што екстремно десничарските движења во некои европски земји добиваат поддршка од државата, рече во Анкара турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

„Денес, неонацистичкиот тероризам, поттикнат од омразата кон Турците и сите муслимани, достигна ниво што ја загрозува животната и имотната безбедност на нашиот народ“, тврди турскиот лидер.

Говорејќи дека случаите на исламофобични и расистички напади не ја добиле истата чувствителност како антисемитските дејствија, Ердоган порача дека „оние кои мавтаат со лево-десни извештаи за човековите права, тивко ја набљудувале смртта на 35.000 Палестинци, од кои 15.000 се деца“.

Тој рече дека речиси ниту еден западен лидер не одговорил на оваа бруталност, освен „неколку совесни државници“, додавајќи дека „ниту една храбра душа не се појавила да му каже на Израел: „Доста е“. /МИА

притисни ентер