Влада: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април 2024 година

Од 19. Владина седница: Одлука со којашто цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април 2024 година; Нов чекор до средствата од Планот за раст усвоен од Европската комисија

Владата на Република Македонија ја разгледа и усвои Информацијата со Предлог- измени и дополнувања на Тарифата на премии за осигурување на сопствениците на моторни возила од одговорност за штети предизвикани на трети лица.

Усвоените измени и дополнувања од страна на Владата, се по предлог на Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност при Министерството за финансии и со нив се утврдува опсег од 15% до 30%, во којшто друштвата за осигурување можат да го определат делот на премијата за вршење дејност на осигурување од автомобилска одговорност.

За износ на трошоците над 30%, предвидено е, друштвата за осигурување, да побараат претходна согласност од Агенцијата за супервизија на осигурување.

Денешната одлука на Владата значи враќање на цената на осигурувањето од автоодговорност на ниво од пред 25 април 2024 година.

Дополнително е утврдено дека Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност, најдоцна до 30 септември, секоја година, до Владата доставува предлог за минимална и максимална стапка на техничка премија за осигурување за следната година.

Владата на денешната седница ја разгледа и утврди и Нацрт Реформската агенда 2024-2027 година во рамки на Планот за раст за земјите од Западен Балкан, со статус 30.04.2024 година и ги прифати сите технички корекции на реформските цели и следните чекори, по што се испраќа до Европската комисија.

Реформската агенда, согласно предвидената процедура, треба да биде усвоена од Европската комисија, со што ќе се отвори можноста за потпишување Договор за инструментот за реформи и раст и Договор за заем, како и поднесување Барање за повлекување на првата транша, односно за авансот во висина од 7% од алокацијата за земјата, односно за Република Македонија.

Фото: Манекенка во супер провокативен фустан

Најпровокативното издание на убавата манекенка: И ова е фустан?

Прославата на 60-тиот роденден на реномираниот магазинот „Sports Illustrated Swimsuit“ се одржа во хотелот Хард Рок во Њујорк, а многу познати ѕвезди не ја пропуштија можноста гордо да продефилираат во своите комбинации.

Покрај русокосата Кејт Аптон, на листата на гости на елитната забава се најде уште едно име од светот на модната индустрија. Станува збор за манекенката Брукс Надер, која за оваа прилика облече провокативен фустан кој покажува повеќе од потребното.

Убавата Брук на забавата на магазинот без проблем одлучила да го покаже своето голо тело, фустанот посебно не можел да ги покрие нејзините бујни голи гради.

„Тинекс“ го прослави 30-годишниот јубилеј на својата компанија.

На 16ти мај, со големо задоволство и гордост „Тинекс“ го прослави 30-годишниот јубилеј на својата компанија.

Пред три децении, кога првично ја отворија својата прва продавница во населбата „Карпош 3“, со само 15 вработени, малкумина веруваа дека ќе бидат компанија каква што се денес, но, со упорност, посветеност и визија успеаа.

Визијата на нивната компанија е да бидат ланец на маркети во кои луѓето ќе препознаваат квалитет, искрен однос, ќе сакаат да купуваат и да работат.

Нивната мисија е да бидат дел од секојдневието на потрошувачите, како најдобар ланец маркети во Македонија кој им нуди најголема вредност на потрошувачите, секојдневно надминувајќи ги нивните очекувања.

Сега, по 30 години, се на пат да ја надминат својата визија. Станаа синоним за силна, професионална и одговорна македонска компанија. Нивното семејство расте, нивните услуги и продукти се прошируваат, а нивната посветеност кон своите потрошувачи е сѐ посилна и поголема.

Тинекс им благодари на сите вработени, пријатели и соработници кои со својата посветеност и умешност го изградија „Тинекс“ од самите негови почетоци.

Човекот што го донесе Југото во Америка претставува револуционерен електричен автомобил

Електричното возило со три тркала има, благо кажано, неконвенционален дизајн.

Американскиот автомобилски визионер е одговорен за низа деловни потфати кои имаа значително влијание врз светската автомобилска индустрија, сега претставува револуционерен електричен модел.

Станува збор за Малколм Бриклин, личноста која го донесе Субару во Америка, но и ја овозможи југословенската „зделка на векот“.

Во осумдесеттите, Бриклин успешно го пласираше Југото во Америка, а потоа најде партнер во Кина, брендот „Chery“.

Иако бизнисот не им одеше најдобро на Кинезите, тоа овозможи создавање на „Visionary Vehicles“, кои функционираат и денес.

По воведувањето на санкциите против Југославија во раните деведесетти и напуштањето на Југо, Бриклин, како експерт по електротехника, одлучи да развие електричен автомобил.

Соработувал со сериозни играчи и започнал со производство на електричен велосипед, но бизнисот пропаднал поради преголемата цена, која била околу 1.400 до 1.900 долари. Сепак, електричниот сон преживеа. Пристигна „Bricklin 3EV“.

Првите контури на возилото оживеаја во форма на концепт во 2020 година, а сега е време да се тестира прототипот. Станува збор за електрично возило со три тркала кое во најмала рака има неконвенционален дизајн.

Не личи на „SV-1“, спортскиот автомобил што Бриклин го произведуваше во 1970-тите. Според достапните податоци, „3EV“ има еден електричен мотор, батерии сместени во средината и опсег од 440 km.

Се вели дека автомобилот е дизајниран од луѓе со искуство во создавање тркачки автомобили. Уште поимпресивна е богато опремената внатрешност, вклучувајќи напредни системи за помош на возачот.

Сепак, она што е особено изненадувачки е најавената цена од 28.980 долари.

Пред овој проект има многу прашања, па се уште не се познати техничките карактеристики, конечниот дизајн на сериското возило и датумот на почетокот на производството.

Без сомнение, ова е уште еден амбициозен проект, зад кој се уште стои активен 85-годишен визионер, за кој многумина искрено би сакале да успее./МИА

притисни ентер