Земјотрес со јачина од 6,9 степени по Рихтеровата скала го погоди југозападниот дел на Јапонија

Земјотрес со јачина од 6,9 степени според Рихтеровата скала ги погоди островите Огасавара во југозападна Јапонија.

Според соопштението на Јапонската метеоролошка агенција (ЈМА), земјотресот се случил во 17:36 часот по локално време. Потресот е регистриран на длабочина од 540 километри.

Островите Огасавара, локално познати како „Острови Бонин“, се наоѓаат на 1.000 километри југоисточно од Токио, главниот град на Јапонија, и 1.600 километри северозападно од островот Гуам во западниот Пацифик.

Италијанката Џорџи ја заврши тениската кариера

Италијанката Камила Џорџи стави крај на својата професионална кариера, на 32 годишна возраст, соопшти денеска Тениската федерација на Италија.

Во текот на кариерата Џорџи освои четири ВТА турнири, од кои најголемиот е оној од серијата Мастерс 1000 во Монтреал во 2021 година.

На грен – слем турнирите најдалеку отиде во Вимблдон во 2018 година, кога играше во четвртфиналето.

Последниот дуел Џорџи го одигра во март годинава на турнирот во Мајами, каде загуби во второто коло од најдобрата светска тенисерка Ига Швјонтек со 1-6, 1-6.

Утре посвежо со повремени врнежи од дожд

 Времето утре ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. 

Во јужните делови врнежите ќе бидат пообилни, локално проследени со грмежи и засилен ветер. Во сабота ќе има преодно стабилизирање на времето, а потоа во следните денови во попладневните часови ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Дневната температура ќе биде во пораст.

Времето денеска ќе биде променливо облачно, на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи, особено попладне кога локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силни електрични празнења, засилен ветер и изолирана појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 16 до 25 степени.

Времето во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме. Tемпературата ќе достигне до 22 степени.

Возило излетало од коловозот на патот Македонска Каменица - Виница, возачот починал

Возило излетало од коловозот на патот Македонска Каменица - Виница, возачот починал, а сопатникот тешко повреден.

Патничко возило „фолксваген тигуан“ со делчевски регистарски ознаки, управувано од Д.Ј.(42) од Делчево, синоќа, излетало од коловозот на магистралниот пат Македонска Каменица – Виница, на место викано „Каменолом“, по што на самото место починал возачот, а сопатникот се здобил со тешки телесни повреди.

Како што соопшти МВР, сообраќајната несреќа била пријавена синоќа во 22.20 во Полициската станица Виница.

-На магистралниот пат Македонска Каменица – Виница, на место викано „Каменолом“, патничко возило „фолксваген тигуан“ со делчевски регистарски ознаки, управувано од Д.Ј.(42) од Делчево, излетало од коловозот. На местото на несреќата од здобиените повреди починал возачот, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Сопатникот Д.Г.(33) од Делчево се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје, наведуваат од МВР

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Виница.

притисни ентер