Заев на конференцијата „75 години образование на мајчин македонски јазик во Албанија”: Ова е значаен јубилеј достоен на европските вредности

Конференцијата „75 години образование на мајчин македонски јазик во Албанија” одбележува значаен јубилеј достоен на европските вредности за почитување на различностите и за единство на сите разлики на Европа.

Тоа го прави нашиот континент уште поубав и пример за почитување на правата на секоја етничка заедница во европското семејство. Тоа е голема вредност, истакна премиерот Зоран Заев на овој настан што e во организација на Македонската алијанса за европска интеграција во Албанија.

„Непосредно после Втората светска војна, и со формирањето на македонската држава, тогаш во југословенската федерација, започнала и грижата за Македонците кои живееле во соседните земји за да се воспитуваат и образуваат на својот мајчин македонски јазик“, рече премиерот Заев во своето обраќање на конференцијата.

Со тоа Албанија станала земја која го признава статусот на македонското етничко малцинство, и во Мала Преспа се организирала настава на мајчин македонски јазик во основното образование до петто одделение, а од страна на државата биле отпечатени и учебници. Процесот се унапредувал и наскоро започнале да се создаваат и образуваат и наставници по македонски од локалното население кое полека почнале да ги заменуваат наставниците испратени од тогашна Социјалистичка Република Македонија.

Сѐ до ден денес во континуитет останува изучувањето на македонскиот јазик како предмет во училишната настава во училиштата на Мала Преспа.

„Се разбира, секогаш може и повеќе и затоа ги развиваме односите меѓу двете земји на највисоко пријателско ниво за да разговараме слободно за можностите. Зачувувањето на јазикот е од огромно значење заради тоа што ги обединува луѓето и културно ги поврзува генерациите за да можат една на друга ги пренесуваат цивилизациските вредности на човештвото“, нагласи премиерот Заев.

На конференцијата премиерот Заев информираше дека новиот Закон за употребата на македонскиот јазик, кој наскоро ќе биде доенесен предвидува о натамошна афирмација на македонскиот јазик во странство преку обновување на старите и отворање нови лекторати по македонски јазик на странските универзитети, особено во соседните држави на нашата земја, вклучувајќи ја и Република Албанија.

Македонскиот јазик ќе може да се изучува и во рамките на културните центри при амбасадите на Македонија во странство, како одговор на желбите и предлозите на нашите граѓани од дијаспората.

„Токму затоа, со премиерот Рама работиме на тоа договорот меѓу нашите две држави за отворање на културно информативни центри да биде исполнет во целост. Тоа ќе овозможи наскоро во Скопје и во Тирана да имаме целосно функционални културно-информативни центри кои ќе ги бидат значаен придонес за дополнително надградување на взаемните пријателски односи, и места за факултативно неформално изучување на јазиците на двете земји. Истовремено тоа ќе бидат места каде што ќе можат да се најдатк ниги и други публикации на македонски јазик што ќе помогнат во унпаредувањето на изучувањето на јазикот на Македонците во Албанија“, рече Заев, и додаде дека е важно за младите генерации уште од најмала возраст да имаат да се запознавааат со историјата и значењето на мајчиниот јазик за да се поттикне развивање на свеста за неговото зачувување и изучување.

Ибрахимовиќ: Тешко ми беше да се откажам од фудбалот поради моето его

Поранешниот напаѓач Златан Ибрахимовиќ зборуваше за подкастот на „АБТалкс“ каде што разговараше за неговото пензионирање од фудбалот, неговото враќање во Милан како главен советник на сопственикот на клубот и за смртта на неговиот агент Мино Раиола.

-Добро сум, така ме третира животот. Секако, се повлеков од фудбалот пред повеќе од осум месеци, така што мојот живот сега е поинаков. Прифатив да се откажам од фудбалот, што беше тешка работа поради моето его и начинот на кој се доживував себеси. Мислам дека сум најдобар и сè уште сум таков. Можев да продолжам, но решив да престанам. Зошто? Сакам само добар живот за моето семејство. Сакав да правам работи со моите синови, а пред тоа не беше можно бидејќи имав проблеми со едното колено. Така го прифатив тоа и дојде момент кога си реков: „Во ред е, откажи се и отвори ново поглавје од твојот живот, вели популарниот Ибра.

Потоа, неколку месеци подоцна, го запознава Гери Кардинале, кој го надгледува фондот „РедБрд“ што го купи Милан.

-Ми даде понуда што не можев да ја одбијам. Така почнав да работам со Милан, откако бев во клубот три-четири месеци. Добро се однесуваат со мене таму, морам да признаам. Кога почина мојот агент Мино Раиола, тоа беше голем удар за мене. Многу плачев. Сè уште не е исчезнато чувството, бидејќи спомените постојано ми се враќаат. Скршен сум затоа што многу ми недостига. Секој што го познава знае колку бевме блиски. Да можам би му напишал: „Ми недостигаш“, сподели Ибрахимовиќ. /МИА

Почесна Златна палма за Мерил Стрип на Канскиот филмски фестивал

 Познатата американска актерка Мерил Стрип (74) ќе добие почесна Златна палма за време на церемонијата на отворањето на овогодишниот Меѓународен филмски фестивал во Кан на 14 мај, соопштија денеска организаторите.

Холивудската актерка со рекордни 21 номинација за престижниот Оскар само еднаш била на Канскиот фестивал. Тоа беше пред 35 години кога филмот „Плач во темнината“ во кој играше, доби една од наградите на Канскиот фестивал.

Мерил Стрип освои три Оскари за улогите во филмовите „Крамер против Крамер“ (1980), „Изборот на Софија“ (1983) и „Челичната дама“ во 2012 година.

Актерката се прослави во филмовите „Лов на елени“, „Жената на францускиот поручник“, „Мојата Африка“, „Мостовите на округот Медисон“, „Сомнеж“ и „Заљубување“.

Почесна Златна палма годинава ќе добијат креаторот на серијата „Војна на ѕвездите“, Џорџ Лукас и колективно Студио Гибли на јапонскиот режисер за анимација Хајао Мијазаки.

Канскиот фестивал ќе се одржи од 14 до 25 мај, а за Златната палма се натпреваруваат повеќе од 20 филмови, меѓу кои и новиот филм на Френсис Форд Копола „Мегалополис“. /МИА

ФА го суспендираше Тонали на два месеци

Сандро Тонали беше суспендиран од фудбалот на два месеци. Нему му пресуди Независната регулаторна комисија откако призна дека учествувал во забрането обложување.

Покрај тоа, тој е казнет со 20.000 фунти и предупреден за понатамошно однесување.

Суспензијата е таква што Тонали нема да може да се врати на терените до крајот на сезоната, до кога ќе истече десетмесечната казна што му ја изрече Италијанската фудбалска федерација на 27 октомври 2023 година.

Доколку не го повтори истиот прекршок до крајот на сезоната, нема да мора да ја одлежи оваа двомесечна суспензија.

Фудбалскиот сојуз и Регулаторната комисија оценија дека Тонали соработувал и признал се за што е обвинет „на исклучителен и досега неевидентиран начин“.

Тонали целосно ги признал сите свои прекршоци, а тоа го направил во ситуација кога доказите практично не постоеле.

Тој продолжува да оди на терапија и едукативни програми на кои е должен да присуствува со целосна поддршка од клубот и продолжува да тренира со екипата./МИА

притисни ентер