Вучиќ: Една третина од новата српска влада ќе биде составена од нови луѓе

Една третина од новата српска влада ќе биде составена од нови лица, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ во обраќањето до нацијата, цитирано од српската јавна телевизија РТС.

Вучиќ изрази надеж дека владата ќе биде формирана во следните два дена и рече дека повеќе од 30 отсто од неа ќе бидат „целосно нови луѓе“. Останатите ќе бидат луѓе кои покажале резултати во претходниот период.

На 17 декември 2023 година во Србија се одржаа предвремени парламентарни избори, а локални избори во Белград и во 64 други градови и општини. Коалицијата околу владејачката Српска напредна партија на Вучиќ освои 129 места, додека опозициската коалиција Србија против насилството стана втора сила во парламентот со 65 места.

Српскиот претседател ја потврди и посетата на неговиот кинески колега Си Џинпинг на Белград, која ќе се одржи на 7 и 8 мај.

Вучиќ посочи дека во Србија ќе се реализираат проекти за забрзан технолошки развој во области каде земјата нема доволно знаење, како роботика, сателитски технологии, летечки автомобили.

Богојески:Корупцијата е влезена во сржта. Ристевски:ЗНАМ и Левица да бидат поканети во влада

Љупчо Ристовски и Петар Богојески гости во Само Вистина.

Ристовски: Ако „Вреди“ опстои на политиката дека не се брза за 6 месеци да има уставни измени, ВМРО-ДПМНЕ треба со нив на хартија да наведе се, вклучително и амандмански точки дека нема да притискаат за уставните измени и со тоа да се воведе доверба меѓу коалициите. Оваа држава Македонија на Јалта си ја доби државноста, секако со поддршка на Албанците, но 1991 референдумот ние го издејствуваме, Албанците не го поддржаа. Ако се соочи ВМРО-ДПМНЕ со некаков Албански екстремизам или други притисоци ние сме подготвени да помогнеме. Потребно е и ЗНАМ и Левица да бидат поканети во владата, за сигурност и окрупнување.

Богојески: ДУИ на овие избори се обиде да формира коалиција на верска основа. Мнозинството етнички Албанци го дадоа гласот за „Вреди“. ДУИ треба да одговара за ширење на верски радикализам. По овие избори постигнавме обединување но нашата држава и таа не смее да се води ниту од Приштина ниту од Белград. Покрај тоа што крадат министрите, краде и персоналот. Треба да се укинат дискреционите овластувања на дел од министрите. Корупцијата е влезена во сржта и треба да се реши со најсовремените алатки на денешницата.

Позната е состојбата на повредените во сударот на товарен и патнички во во тунел во Белград

Четири лица се повредени во судар на возови во подземен тунел во Белград.

Тие поради видот на повредите се пренесени во Ургентниот центар, на клиниката за реанимација. Повредени се една жена и тројца мажи, објави Телеграф.

Уште девет лица биле прегледани, но не им било потребно болничко лекување.

За четворицата повредени кои се пренесени се смета дека се тешко повредени, но за среќа не се во животна опасност.

Според првичните информации, во патничкиот воз кој денеска се судри со товарниот воз во подземниот тунел во Белград имало шест патници, како и машиновозачот и кондуктерката. Сите се изнесени од тунелот.

Ристовски: Француската рамка е жива кал

„ Ја охрабрувам претседателката да го преиспита договорот.“

Шизофрена ситуација е по 33 години независност да се правдате зошто сте го употребиле името Македонија. Уште кога се менуваше името посочувавме дека ќе самиот чин ќе предизвика раздор во општеството и дека треба да се стави мораториум, мора да најдеме начин бидејќи прашањето со името Македонија не е безбедносно прашање. Ја охрабрувам претседателката да го преиспита договорот. Не смееме да бидеме наивни дека Софија ќе прифати Македонска автохтона држава, а уште помалку тоа ќе го стори Атина -таа само подипломатски се изразува и во ракавици. Француската рамка е жива кал. Апелирам за поголемо достоинство во меѓународните односи. Коридорите 8 и 10 што минуваат низ државата се важни геостратешки аспекти, рече Љупчо Ристовски во Само Вистина.

притисни ентер