Вработените во културните институции од утре почнуваат со протести

Околу 3 000 вработени во културата се уште немаат земено мартовска плата. 

Не само што платите доцнат туку културните работници, како што обвинија од синдикатот нема да го добијат ниту зголемувањето за 12 % кое велат им следи согласно колективниот договор.

Тие денеска излегоа на протест пред министерството, а доколку денеска не добијат плата најавија дека протестите ќе продолжат и утре и во следниот период.

„Како министерката за култура на 1ви април од истото ова место ветуваше покачување на платите за март, ако претходно исто тоа покачување не го договорила со министерот за финансии, за сега кој да биде виновникот за неисплатата на плати во културата. Што се случува и кој е одговорен за колапсот што го создадоа во културата, неупсехот на владата, особено на министерството за култура да ги исполни своите обврски со тоа што не ги исплати ветените плати на сите вработени во културата согласно законите и договорите.“- изјави Вера Атанасовска – претседателка на синдикатот на култура.

Културните работници поддршка добија и од ССМ, од каде порачаа дека мерењето на политичката сила на грбот на работникот е неприфатливо.

„Пред две недели бевме тука и слушнавме дека министерката за култура дава целосна поддршка и го зборува тоа што го зобрува и синдикатот, платите во културата растат за 12 % за жал две недели подоцна тоа се уште се нема случено и ние сме загрижени дека мерењето на политичката сила на грбот на овие работници е неприфатливо и не смее да се случи во едно демократско општество. “, вели Слободан Трендафилов – претседател на ССМ.

Поради доцнењето и неусогласувањето на платите регираа и од СОНК, од каде најавија дека доколку пробелмот не се реши вработените ќе стапат во генерален штрајк.

„Проблемот на вработените во културата е актуелен за вработените во културата многу повќе него случувањата на политичката сцена и од таа причина првично веројатно ќе одиме со протест и ако се продлабочи овој проблем веројанто ќе донесеме и одлука за генерален штрајк во сите установи на културата.“- -изјави Јаким Неделков – СОНК .

Согласно усогласувањето на платите со минималанта плата во државата, мартовската плата на вработените во културата треба да им биде зголемена за 12 %, како што велат, пресметките од установите за кутура се готови, но одобрение од финанасиии се уште нема и покрај ветувањето на министерката за култура.

За Вернер од Тотенхем заврши сезоната

Напаѓачот на Тотенхем, Тимо Вернер, поради повреда ќе отсуствува до крајот на сезоната. Тренерот на премиерлигашот Анже Постекоглу изјави дека сезоната за Германецот е завршена.

Постекоглу го замени напаѓачот Тимо Вернер во првото полувреме од натпреварот од 35. коло на Премиер лигата со Арсенал (2:3) одигран изминатиот викенд.

Фудбалерот се повреди во првото полувреме и итно го напушти теренот. Неговото место го зазеде Бренан Џонсон.

Вернер игра за Тотенхем како позајмен од Лајпциг. Раководството на тимот се уште не одлучило дали ќе го купи напаѓачот на трајна основа за 17 милиони евра. /МИА

Ред Бул најавија заминување на Њуи на почетокот на 2025 година

Австрискиот Формула 1 тим Ред Бул и шефот на техничкиот оддел Адријан Њуи се договорија да ја прекинат соработката.

Стручњакот ќе го напушти тимот на крајот од оваа сезона, во првиот квартал од 2025 година. Адријан има намера да се фокусира на развојот на првиот хиперавтомобил на Ред Бул, RB17.

Њуи е во Ред Бул од 2005 година. Новото место на работа на специјалистот сè уште не е објавено. Претходно се зборуваше дека може да се приклучи на Ферари.

Ред Бул е на првото место во шампионатот на конструктори со 195 бодови. Ферари е на второто место со 151 бод. /МИА

СДСМ: Ароганција е кога човек-партија одработува против своите довчерашни сопартијци

Ароганција е кога човек-партија одработува против своите довчерашни сопартијци и во тоа нема ништо социјалдемократски ниту вредносно туку единствено и само личен интерес.

За тоа кој ги отвораше клубовите со имиња како Ванчо Михајлов адресата е Белиот дворец на ДПМНЕ. Многу позната адреса каде ЗНАМ ги договара идните чекори за соработка заедно со поддршката на Гордана Силјановска Давкова. Освен сликите на Ванчо Михајлов по штабовите на ДПМНЕ доволно говорат сликите на Мицкоски со основачите на тие клубови по манастирите низ државава за кои не слушнавме ниту збор од ЗНАМ.

Дали е тоа поради враќање на стари долгови за локалните избори 2021 година во Куманово или нови долгови јавноста ќе види многу скоро.

Центар за комуникации на СДСМ

притисни ентер