Во Тетово одбележан Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа

 Во организација на Сојузот на борци од Тетово денеска пред Споменикот на револуцијата беше одбележан 9-ти мај Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа. 

Пред споменикот беше оддадена почит на загинатите во Народноослободителната и антифашистичка војна со едноминутно молчење и положување цвеќе.

Дел од одбележувањето беше читање на пригоден реферат изработен од професорот Славчо Јовановски.

- Ставајќи се на страна на антифашистичките сили, НОБ и антифашистичката војна ја легитимираат Македонија како дел од цивилизираниот свет. Македонија соодветно и партиципираше и со жртви на оваа тоталитарна идеологија. Пред сè поради фактот што целосно се вклопуваше во освојувачката стратегија на Третиот Рајх, како важна стратешка точка на Југоисточна Европа дефинирана уште од Бизмарк. Токму поради таквата своја положба, Македонија потпадна под германско-бугарска и италијанско-албанска окупација, соочувајќи се со идеите за Голема Бугарија и Голема Албанија. Дури и денес, официјалните истории на овие две држави го употребуваат поимот „ослободени краишта“. Во ова одбележување од поразот на фашизмот во Втората светска војна, навраќањето на овој датум е наша потреба. Споменот на него не смее да се потисне во заборав, пред сè поради фактот што НОБ и АСНОМ ја создадоа современата македонска држава. Тој чин ги обврзува сите генерации, споменот на овој датум да го чуваат со највозвишени чувства, се вели во дел од рефератот.

Авторот на рефератот се осврна и на Денот на Европа, посочувајќи дека идејата за интеграција на Европа потекнува од повоениот период, кога народите на Европа се обидуваат да изградат стабилност и мир на континентот.

- Денот на Европа е повеќе од само прослава на историските настојувања за мир и интеграција. Тоа е прилика за народите на Европа да го одбележат своето заедничко наследство, културна разновидност и вредности како демократија, правда и човековите права. Овој ден ги поттикнува граѓаните на Европа да се обединат во заеднички обиди за решавање на заедничките предизвици како што се климатските промени, социјалната нерамнопоставеност и мигрантската криза.

На настанот присуствуваа и положија цвеќе пред споменикот делегации на Сојузот на борци, АРМ, претставници на дел од политичките партии, здруженија на граѓани и организации и ученици.

Реконструирана училишната спортска сала вп ООУ „Мирче Ацев“ во Ѓорче Петров

Општина Ѓорче Петров финишираше со реконструирањето на училишната сала во основното училиште „Мирче Ацев“, која е веќе пуштена во употреба.

При реконструкцијата изведен е менување на подот во салата каде беше поставен нов гумиран под, бојадисување, молерисување на ходникот и кабинетот на наставникот по физичко образование, целосно нова вентилација и опремување со нови спортски реквизити.

Овој проект беше неопходен за нормално одвивање на часовите по физичко образование на основците. Со негово завршување, направен е чекор плус во создавањето добри услови за настава во една од шесте образовни институции во Ѓорче Петров.

Проектот е реализиран во соработка со Министерството за образование и наука.

Општина Ѓорче Петров

До петок нестабилно време со повремен пороен дожд, град и грмежи

Долж Повардарието утре ќе дува засилен ветер. До среда ќе се задржи нестабилно време, претежно во попладневните часови со локален пороен дожд и грмежи. 

Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме, со засилен ветер, обилен пороен дожд за кратко време и изолирана појава на град.

Во четврток ќе има услови за краткотраен дожд, претежно во планинските подрачја, а преодно стабилизирање на времето се очекува во петок. Температурите ќе бидат без значителна промена.

Утринската температута ќе се движи од осум до 15, а максималната дневна ќе достигне до 30 степени.

Теретана на отворено за прв пат во општина Илинден

Комплетно опремена спортска теретана на отворено за прв пат добија жителите на Општина Илинден, која се наоѓа кај пешачко – велосипедската патека во Марино, соопшти Општина Илинден.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски истакнал дека во рамки на ова фитнес катче, каде младите па и повозрасните жители на општината ќе можат да се рекреираат и вежбаат, поставени се повеќе најсовремени фитнес справи.

-Досегашната пракса на инвестирање и создавање на услови за спортување, постојано се докажува како највредна инвестиција за сите генерации, па затоа Општина Илинден од сопствениот буџет оддвои средства за реализација на спортската теретана на отворено, а во наредниот период продолжува и понатаму со инвестиции во спортот и спортските терени на нејзина територија, се наведува во соопштението.

притисни ентер