ВМРО-ДПМНЕ: Време е политиката да ја напуштат оние што нанесуваат порази и понижувања

Вечерва пред граѓаните во Охрид се обратија и тројцата кандидати за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“ од Охрид .

Вечерва пред граѓаните во Охрид се обратија и тројцата кандидати за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“ од Охрид при што посочија дека промените се во рацете на граѓаните, време е да се работи за подобро утро на македонскиот народ и за просперитетна Македонија.

„Промените се во ваши раце! Со вашата поддршка, со вашата и наша енергија. одговорно и посветено, обединети за силна, просперитетна Македонија ќе работиме за подобро утро на македонскиот народ, за Македонија повторно да биде твоја! Охрид да го направиме уште поубаво и поквалитетно место за живеење, град во кој младите ќе ја гледаат својата иднина“, истакна Грација Бакраческа.

Бакраческа додаде дека ги очекува макотрпна работа, посветеност и чесност за да се врати надежта кај граѓаните, да се врати изгубената иднина и просперитет. Промените се во рацете на граѓаните.

„Како пратеници од Охрид, нашата работа ќе биде исклучиво во интерес на државата и на граѓаните на Охрид, Македонија повторно твоја! Нашите граѓани се мудри, убедена сум дека ја препознаваат работливоста и посветеноста наспроти празните ветувања кои ви ги нуди власта“, порача Бакраческа.

„Вечерашнава слика од Охрид нека биде потсетник за бројката на граѓани кои што сакаат да си бидат свои - на своето. Вечерва гледам огромен број на млади луѓе – нашата гордост и иднина! Сигурна сум дека овие млади лица не ни размислувале за политика додека растеле, но тука се затоа што ги почувствувале погубните последици од политиката на власта во сопствената држава“, укажа Лидија Петкоска.

Петкоска додаде дека во оваа земја постојат и чесни луѓе. Време е политиката да ја напуштат оние што нанесуваат порази и понижувања. Време е чесни луѓе со искрена посветеност да го преземат кормилото.

„Затоа сме денеска тука, затоа не има во толкав број, затоа што време е за Македонија горда и Македонија твоја! Промените се во твои раце“, нагласи Петкоска.

Сашо Донев порача дека оттука, од непокорен и победнички Охрид, уверува дека новата влада на ВМРО-ДПМНЕ искрено ќе се посвети на развојот на Македонија, на Охрид.

„Владата на ВМРО-ДПМНЕ отсекогаш била и ќе биде влада која искрено го поддржува Охрид и која ќе ги реализира капиталните инвестиции, кои им беа ветени на охриѓани изминатите триесет години. За само две години несебична и макотрпна работа конечно успеавме финансиски да ја раздолжиме 30 години задолжената општина. Тоа и е одлика на ВМРО–ДПМНЕ, да работи во секој град, во секое село и населено место“, истакна Донев.

Донев појасни дека со поддршката на граѓаните ќе се создаде вистинска европска Македонија. Македонија со која ќе се гордеат сите, Македонија да биде пример за работа, за чесност и за посветеност, се наведува во партиското соопштение.

Блинкен го посети Керем Шалом, преминот за хуманитарна помош меѓу Израел и Газа

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска го посети Керем Шалом, преминот за хуманитарна помош од Израел до Појасот Газа.

За време на посетата на Блинкен, десетина камиони чекаа да влезат во Појасот Газа додека неколку израелски тенкови беа паркирани во близина.

Посетата на американскиот државен секретар доаѓа во момент кога Израел изрази намера да изврши копнен напад врз Рафа, град на неколку километри од Керем Шалом, кој сега е дом на околу 1,5 милиони Палестинци, од кои огромното мнозинство се раселени поради војната. /МИА

Јојуз: Тврдам дека на крај сите ќе одат на „баци рака' кај Мицкоски

„ВМРО-ДПМНЕ ќе ги потпише уставните измени“

ВМРО-ДПМНЕ е апсолутен победник на овие избори, не е камелеон партија, најбројна е и најорганизирана, имаат програма, има економска програма за разлика од сите нив што немаат ниту една и тврдам дека на крај сите ќе одат на „баци рака' кај Мицкоски. Но, тука ќе се отвори Пандорината кутија дента кога ќе победи ВМРО-ДПМНЕ. Во таа Пандорина кутија тие преферираат да имаат коалиција со ВРЕДИ со тоа што цело време ја користат синтагмата „бугарски диктат“ и тука оправдување ќе им биде дека сега е т.н. европски диктат и тоа ќе им служи како изговор. Во политиката нема ништо случајно, рече Агим Јонуз во Само Вистина.

Хамас тврди дека САД му вршат притисок да го прифати договорот со Израел

Блинкен претходно неколку пати го повика Хамас да ја прифати понудата на Израел да ја прекине војната и да ги ослободи заложниците.

Високиот функционер на милитантната група Хамас, Сами Абу Зухри, денеска изјави дека американскиот државен секретар Ентони Блинкен врши притисок врз Хамас да ги прифати барањата на Израел во преговорите за прекин на огнот и ослободување на заложниците.

- Коментарите на Блинкен се спротивни на реалноста. Тоа не е чудно за Блинкен, кој е познат како министер за надворешни работи на Израел, а не на Америка, да дава такви изјави, ја пренесуваат светските медиуми изјавата на Абу Зухри која тој ја дал за Ројтерс.

Тој додаде дека „дури и израелскиот преговарачки тим признал дека Нетанјаху е тој што го попречува постигнувањето договор“.

Блинкен претходно неколку пати го повика Хамас да ја прифати понудата на Израел да ја прекине војната и да ги ослободи заложниците, опишувајќи ја како „исклучително дарежлива“, додека Абу Зухри рече дека групата сè уште ја проучува понудата./МИА

притисни ентер