Видео: Најмалку пет лица загинаа во торнадо во јужна Кина

Пет лица загинаа вчера во торнадо во јужната кинеска метропола Гуангжу, јави ДПА.Новинската агенција Синхуа денеска јави дека 33 лица се повредени во невремето.

Според официјалните податоци, торнадото предизвикало штета на 141 производствени капацитети, но ниту една станбена зграда не е урната.

Според Синхуа, работата на спасувачите сега е главно завршена. За време на торнадото, метеоролошката станица во областа Баијун во Гуангжу забележа брзина на ветер од над 20 метри во секунда.

Пред само една недела, Гуангжу и околната провинција Гуангдонг беа погодени од пороен дожд, при што загинаа најмалку четири лица, а повеќе од 100.000 жители беа евакуирани.

Гуангжу има население од над 18 милиони луѓе. Главниот град на провинцијата Гуангдонг е еден од најважните економски центри во Кина.

Филипов: Не може отсега да предвидиме како ќе реагира меѓународната заедница

Со употребата на терминот Македонија, претседателката Силјановска Давкова не погреши – смета поранешниот амбасадор Ѓорѓи Филипов.

Според него, со потписот, таа потврдила дека ќе го почитува Преспанскиот договор.

Во видеото погледнете го целиот разговор.

Работни групи на ВМРО-ДПМНЕ и ВРЕДИ на преговори за идната влада

Ниту од ВМРО-ДПМНЕ, ниту од албанската опозиција, не откриваат кога и каде ќе ги продолжат преговорите за новата Влада, откако пред два дена највисоките раководства на партиите ја одржаа првата средба. 

Од двата табора нема информации дали веќе се формирани работните групи кои ги најавија и кој се ќе учествува во нив.

И покрај тоа што деталите се чуваат во тајност, еден од лидерите на коалицијата ВРЕДИ, Арбен Таравари во интервју за „Гласот на Америка“ вели дека очекува разговорите да продолжат денеска и во среда, а новата Влада да се формира на почетокот од јуни. За поделба на ресори и кадровски решенија досега не разговарале со Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, вели Таравари, приоритет сега според нив е усогласувањето на програмата.

- Следната средба ќе биде со работните групи. Јас се надевам во понеделник и во среда да продолжат разговорите. Начелно веќе имаме Влада во доаѓање и се надевам дека од 1 до 5 јуни ќе имаме нова Влада. Јас не можам да кажам ништо, бидејќи не е разговарано ништо за поделба на места. Се надевам дека набргу работните групи ќе седнат за да ги усогласат програмите на двете коалиции ВЛЕН и ВМРО-ДПМНЕ, а потоа во втората етапа ќе разговараме за кадровски решенија. Јас се надевам дека за една недела до десет дена ќе почнеме и за тоа да разговараме, вели Таравари.

И покрај тврдиот став на ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени, Таравари вели дека нивен приоритет од кој нема да се откажат за влез во влада е европскиот пат на Македонија, покрај залагањата за правна држава и економски развој. Очекува што побргу да се најде решение за ЕУ интеграциите.

- ЕУ-интеграцискиот пат на Македонија е несомнено работа, на која интензивно ќе работиме во наредниот период, за да се изнајде решение, што побргу, тоа подобро... Ако има интерес од сите страни да отвориме и направиме нов Устав тука сме, ако не ќе продолжиме со овој, сè додека не се создадат услови за двете поголеми етнички заедници во Македонија да седнат и да констатираат дека навистина ни треба нов и подобар Устав за државата. Нема врска ова со федерализација. Нам ни треба добра децентрализација, а не федерализација, изјави Таравари.

Идниот мандатар Христијан Мицкоски заедно со партиските потпретседатели пред два дена отиде во штабот на албанската коалиција на плоштадот Скендербег на прва средба, што беше оценета како за запознавање. Таму го пречекаа четворицата партнери – Меџити, Гаши, Касами и Таравари.

По средбата партиите преку соопштение информираа дека договорени се општите начела на соработка за идната влада, која ќе се базира на три постулати: евроинтеграции, забрзан економски развој, борба против криминалот и корупцијата и владеење на правото, а преговорите, како што соопштија, ќе ги продолжат работни групи се до нивно финализирање.

Блинкен разговараше со Галант за ситуацијата на теренот во Појасот Газа

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант му соошштил на американскиот државен секретар Ентони Блинкен дека израелската армија спроведува „прецизна операција“ во Рафа, во јужниот дел на Појасот Газа.

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант му соошштил на американскиот државен секретар Ентони Блинкен дека израелската армија спроведува „прецизна операција“ во Рафа, во јужниот дел на Појасот Газа, додавајќи дека нема да се откаже од целта да се ослободат сите заложници, а членовите на Хамас да бидат елиминирани „и како војска и како администрација“.

„Тајмс оф Израел“ пренесува дека Галант и Блинкен разговарале за случувањата во Газа, вклучително и за воените операции низ целиот Појас во кој има присуство на терористички упоришта, како и за прецизните операции во Рафа против преостанатите баталјони на Хамас, додека истовремено се обезбедува преминот, што се однесува на преминот Рафа со Египет.

Портпаролот на Стејт департментот, Метју Милер, пренесе дека државниот секретар повторно го предупредил Галант за тоа Израел да не презема масовна офанзива во Рафа.

-Министерот изрази благодарност до секретарот Блинкен за поддршката што американската администрација ја дава на израелската безбедност, рече Милер.

притисни ентер