Проектот се реализира како дел од инструментот за претпристапна помош на Европската унија  – ИПА за 2011 година.

Со реализација на проектот се врши набавка на опрема во вредност од 839 илјади евра од кои 75% се обезбедени преку ИПА, а останатите 25% односно 209 илјади евра се обезбедуваат со кофинансирање од страна на агенцијата.

Со оваа опрема технички ќе се осовремени системот за снимање, чување и прегледување на програмските содржини емитувани на радијата и телевизиите и воедно ќе се овозможи во седиштето на агенцијата, прием на сигналите на сите оператори на јавни електронски комуникациски мрежи кои реемитуваат програмски сервиси.

Датум на објава: понеделник, 14 декември 2015 во 15:40
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар