Идеја што ке влезе во програмата на ВМРО ДПМНЕ за наредните парламентарни избори во Април наредната годината. Сандачето за кратко време се наполни со она што го очекуваат,  животот да биде уште подобар.

- Ова е навистина добар потег. Сметам дека само на ваков начин јас и моите сограѓани ќе сме сигурни дека она што е добро за нас граѓаните, ќе биде реализирано, изјави еден од анкетираните граѓани на Штип.

- Мислам дека  и со оваа форма на реализација на нашите идеи ке се потврди дека актуелната Влада исполнува се што ветува на нас граѓаните дополни анкетирана штипјанка.

- Досега искрено кажано е добро и понатаму е потребно само на ваков начин да се продолжи. Само на ваков начин ќе бидеме уверени дека ветувањата се исполнуваат од оние кои ни ја водат државата и работат за наше добро искоментира анкетиран штипјанец.

Претставниците на ВМРО - ДПМНЕ задоволни од одзивот на граѓаните.

-Очигледно дека практиката на ВМРО ДПМНЕ да е во постојан непосреден контакт со граѓаните, и нивните проекти бидат преточени во практика, го сфаќаат најсериозно, бидејќи самата денешна нивна масовност во пишување и давање идеи за како би им се подобрил животот е повеќе од аргумент за успешната на политиките на актуелната Влада, изјави Никола Мицевски – пратеник.

-Лично мислам дека гарантирано најголем дел од денеска доставените писмени идеи на граѓаните ке најдат место во изборната програма на ВМРО ДПМНЕ за наредните априлски парламентарни избори, дополни д-р Владо Миташев – претседател на СО – Штип.

Штип е првата дестинација, по скопската промоција на проектот на владејачката партија - На Македонија и е потребна твојата идеја -  Проект со кој, изборната програма на ВМРО ДПМНЕ, значително ќе се збогати со реално остварливи идеи, дадени директно од граѓаните.


Датум на објава: петок, 20 ноември 2015 во 12:21
Дејан Ефремов
Обновено во: 13:54

коментари

остави коментар