„Магла има поради нашите медиуми. Дали не знаат да преведат или имаат некој вид на омраза спрема мене, не знам. Пренесоа сосема други причини за приведувањето. А се случи ова: нападнат беше мој соиграч, јас бев во кола, излегов, ги прашав зошто го апсат, ми рекоа да седам настрана, што го направив, но на крај ме зедоа со него. Јас никогаш нема да оставам другар во било која ситуација. Не беше праведно тоа што му се случи нему, а ниту мене“, вели Антиќ во интервју за ,,Гласот на Аамерика“ на македонски јазик.

Тој е убеден дека обвиненијата против него ќе бидат отфрлени.

„Има видео. Ниту сум попречувал, ниту интервенирал. Имам 33 години, две малолетни деца, на памет не ми паѓа да ја попречувам полицијата во работата.  Имам поддршка од цел тим. Од претседателите, менаџерите, од тренерот и од соиграчите. Тие не знаат добро и целосно застанаа зад нас“, дополнува „шестката“ на Атланта.















Датум на објава: вторник, 14 април 2015 во 09:24
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар
  1. Моето мислење за ussa "police"...;-) https://www.youtube.com/watch?v=517WVJNdO5g
  2. Доволно бесе само да ја казеш вистината ако имаше потреба за тоа.А бидејки си јавна личност,нормално е да се зборува за тебе,а никој не каза којзнае колку лосо за тебе.Друг е проблемот сто ти си слаб оратор ,неискусен за пред медиуми,па мозеше да ангажираш некој да ти написе што да кажеш, за да не испадне како Амди Бјрам да излегол на телевизија.А да знаеш народот сеуште те сака иако ти го изневери со твоето мангупско однесување.