- Суштината на нашиот општествен и државен концепт е да живееме едни со други, а не едни против други, ниту едни покрај други. Но, и за тоа ни е потребно, во духот на нашиот македонски модел на соживот, повеќе дијалог, повеќе почитување и поголемо прифаќање на различноста. Клучниот збор за 2015 година и во однос на Собранието и во меѓуетничките односи треба да биде дијалог, рече македонскиот претседател.

Сите сме свесни, додаде, дека работите не се толку едноставни.

- Отсуството на политички дијалог во Собранието и фрустрациите во меѓуетничките односи, меѓу другото се одраз и на оспорувањето на нашето име, идентитет и јазик, на состојбите во регионот, Европската унија и светот, рече претседателот Иванов. /МИА

Датум на објава: четврток, 18 декември 2014 во 13:02
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар