На кованата пара „Стрелец“ на аверсот е прикажана украсна композиција што претставува симбол на времето, врз основа на Сонцето, Месечината и ѕвездите коишто го опкружуваат песочниот часовник. Сонцето е насликано со злато на вметнато сино тркалезно кобалтно стакленце (низ целото стакленце). На горниот дел од кованата пара е прикажан грбот на Република Македонија. По должината на периметарот, на двете страни, се прикажани симболите на осумте планети од Сончевиот систем. По должината на периметарот се прикажани натписите: „Република Македонија“ и „10 денари“ на македонски јазик, како и годината на издавање „2014“ и ознаката „Ag925“, стои во соопштението.

На реверсот, како што се наведува, во левиот дел од центарот на монетата е прикажан портрет на млада девојка којашто стрела со лак и стрела. На десната страна е вметнато кобалтно стакленце на кое е претставена слика на соѕвездието Стрелец, и е опкружена со украс (коса на девојката и цели). На долниот дел, по должината на периметарот, е прикажан симболот на хороскопскиот знак „Стрелец“. Одредени елементи на релјефот (вклучувајќи ги и симболот „стрелец“ и, делумно, косата) се насликани со злато.

На кованата пара „Јарец“, на аверсот е прикажана украсна композиција што претставува симбол на времето, врз основа на Сонцето, Месечината и ѕвездите коишто го опкружуваат песочниот часовник. Сонцето е насликано со злато на вметнато сино тркалезно кобалтно стакленце (низ целото стакленце). На горниот дел од кованата пара е прикажан грбот на Република Македонија. По должината на периметарот, на двете страни, се прикажани симболите на осумте планети од Сончевиот систем. По должината на периметарот се прикажани натписите: „Република Македонија“ и „10 денари“ на македонски јазик, како и годината на издавање „2014“ и ознаката „Ag925“.

На реверсот, на левата страна е прикажана слика на јарец што лежи. На десната страна е претставено соѕвездие коешто му одговара на хороскопскиот знак „Јарец“, насликано на вметнато кобалтно стакленце и опкружено со украс. На долниот дел е прикажано името на монетата на латински јазик, заедно со симболот на хороскопскиот знак „Јарец“ отпечатен на рог. Одредени елементи на релјефот (вклучувајќи ги симболот „јарец“, дел од украсот, како и роговите и опашката на јарецот) се насликани со злато.

Кованите пари се изработени од сребро Ag925, со тежина на среброто од 21,00 г, чистота на среброто 19,43 г, во овална форма со димензии од 35 х 45 мм, полирани со 24-каратна златна меѓуоснова и вметнато тркалезно стакленце со димензии 18,4 х 6,1 мм. Цената на кованата пара „Стрелец“ и на кованата пара „Јарец“ изнесува 2.700,00 денари. Кованите пари за колекционерски цели издадени од Народната банка се законско средство за плаќање во Република Македонија.  Дополнителни информации за кованите пари за колекционерски цели се објавени на интернет-страницата на Народната банка на Република Македонија на следнава врска: www.nbrm.mk, стои во соопштението.

Датум на објава: вторник, 25 ноември 2014 во 11:05
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар