Одложувањето е поради временските услови и најавите за дождливо време, соопштија организаторите - Македонската филхармонија и Младинскиот културен центар.

- Принудени сме да почекаме да се подобри временската прогноза за оркестарот да може непречено да ја изведе предвидената програма. Исто така, сакаме што е можно повеќе граѓани да уживаат во настанот, а доброто време е предуслов за добра посетеност, изјави Маја Чанаќевиќ, директор на Филхармонијата.

„Види музика, слушни слика, добиј книга“ ќе се одржи седми пат. Под диригентско водство на Мартин Пантелеев, оркестарот ќе изведе програма наловена „Со танц низ светот“, а на огромни платна покрај сцената својата инспирација од музиката ќе ја пренесат ликовните уметници Менсур Бојда и Владимир Симеонов.

Посетителите на настанот ќе добијат и примерок од книгата „Вита Бревис - писмо на Флорија Емилија до Аврелиј Августин“ од норвешкиот писател Јостен Гордер./МИА.

Датум на објава: среда, 18 јуни 2014 во 13:38
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар