Ќе вработат во првата фаза 500 работници. Изградбата на фабриката започнува во август, производството следната година.

-Во иднина ќе вложиме 12 милиони евра, тоа е првиот чекор, ќе вработиме 500 работници во Штип, ќе стартуваме најбрзо со зградата и производството. Произведуваме изолациони материјали за градежната, автомобилската и авионската индустрија. Не сакаме да инвестираме само во овој бизнис. Профитот ќе го реинвестираме во оваа земја во други работи, и гледам многу добра иднина, зборев со премиерот и се оди како што треба, следниот месец ќе започнеме со работа, вели сопственикот на Техникал Тексил, Џенс Вандланд.

За Македонија и бизнис поволностите се информирале од престижен економски германски весник. Поедноставените постапки, краткиот рок за градежни дозволи, ниските даноци и квалификуваната работна сила ги премислила германците, меѓу Абу Даби и земјава, да се одлучат за Македонија.
За разлика од Абу Даби сите работи одеа побрзо тука и може брзо да се реализира, ја одбравме локацијата заради најсоодветната работна сила во Штип и тој производ е напреден затоа што фиберклас со апликации во сите овие индустрии ќе значи дополнителни вработувања но и извоз, како и привлекување на нови инвеститори, вели Виктор Мизо, директор на ТИРЗ.

Планот е во првата година извозот да достигне од 25 до 30 милиони евра и таа бројка за 2-3 години двојно да се зголеми бидејќи се планираат и други капацитети.

Датум на објава: понеделник, 02 јуни 2014 во 21:51
Маја Дамјановска
Обновено во: 22:21

коментари

остави коментар