Лохан ги шокираше гледачите на последната епизода од серијалот за животот со објаснувањето на причината зошто ги прекинала снимањата за две недели.

- Никој не знае за тоа. Во двете недели во кои не снимав, направив абортус. Не се чувствував добро ментално и душевно - рече таа.

Актерката одби да открие детали за таткото на детето, велејќи лаконски дека е “многу долга приказна”. Досега таа не дала коментар за откритието во последната епизода на ријалити серијалот, но нејзината мајка потврди дека Линдзи е добро.

ТВ водителката Шерон Озборн веќе изрази сомневање во врска со абортусот на Лохан.

Линдзи, наводно, никогаш не ни била бремена и само сакала да ги придобие симпатиите на публиката со приказната дека имала спонтан абортус и да го скрие фактот дека е неодговорна.

Датум на објава: вторник, 22 април 2014 во 20:41
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар