За ова предупреди Сопенду Моханти, финтех директор во централната банка на Сингапур.

„Шпекулантите и луѓето, кои заработуваат пари од шпекулација со крипто-валути (тргувајќи со нив – н.з.), негативно влијаат на целото експериментирање со крипто-валутите и ја уништуваат нивната вредност“, изјави Моханти.

Институцијата во моментов развива своја блокчеин технологија наречена „Проект Ubin“ и се очекува да заврши пробниот период со дигиталната верзија на сингапурскиот долар оваа година.

„Ова е клучен дел, затоа ќе продолжиме да експериментираме со оваа прекрасна технологија и долгорочно ќе најдеме начин на употреба“, уверен е Моханти.

Во проектот на сингапурската централна банка учествуваат голем број докажани банкарски гиганти, како Bank of America Merrill Lynch, Citi и Credit Suisse.

Блокчеин – технологијата која е во основата на виртуелните валути, се смета за најголемата предност на крипто-валутите. Таа запишува постојано нови рекорди на трансакции во децентрализирана мрежа.

Загриженоста во однос на шпекулативното тргување, исклучителната нестабилност и нелегалните активности поврзани со крипто-валутите, ги принудија регулаторните органи да го зајакнат притисокот на пазарот. Кина, Јужна Кореја, а веќе и Јапонија наметнаа сериозни ограничувања над трговијата со дигитални валути, за да се справат со шпекулациите во секторот. Тоа ги засили стравувањата дека трите држави се подготвуваат тотално да ја забранат трговијата со крипто-валути.

Датум на објава: понеделник, 12 февруари 2018 во 22:56
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар