„Се чини дека жртвата се занимавала со криволов, кога била нападната од лавовите“ – изјавил портпаролот на полицијата за „АФП“ наведувајќи дека делови од телото на настраданиот биле пронајдени во близина на паркот „Хедпруит“.

Полицијата се уште не го објавила идентитетот на жртвата, а со деловите од телото пронајдени биле и ловечка пушка и муниција.
Опседнатоста на ловот на лавови во последните години е во порасти во покраината Лимпопо. Деловите од телата на дивите мачки некогаш се користат и во традиционалната медицина.

Фондацијата Борн Фри предупредува дека коските и останатите делови од телото на лавовите се се побарани во југоисточна Азија.

Датум на објава: понеделник, 12 февруари 2018 во 21:44
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар