Фолк Фест Валандово се враќа во Мај.Општинските влати соопштуваат дека не само што ќе вложат напори да го вратат стариот сјај на фестивалот поради вредносното значење на “Фолк Фест“ Валандово, за македонската култура туку и зачувување на новокомпонираната песна 

.Турбулентните години како и да го замреа тридеценискиот фестивал.А 2016 та воопшто и не се оддржа.Тогаш  општината донесе одлука оти авторите на композициите кои требаше  да се изведат на ФОЛК-ФЕСТ Валандово 2016 година, се истите автори кои се и членови на ЗАМП.Сега ветуваат многу.

Луѓето кои се дел од овогодинешниот раководен тим и кои се задолжени за враќањето на “Фолк Фест“ Валандово на старите вредносни патеки се професорот Живојин Глишиќ, пејачот Ефто Пупиновски, композиторот Методија Антовски и културниот работник Ѓоко Павлов.

Конкурсот за новокомпонирани композиции е од  вчера и ќе биде отворен до крајот на овој месец.Фестивалските вечери се 24 и 25 ти Мај.


Датум на објава: сабота, 10 февруари 2018 во 15:34
Стојне Митева
Обновено во: 15:37

коментари

остави коментар