Џонс нивната афера ја откри во интервју за веб-магазинот „Vulture”, во кое го спомна Брандо и неговите сексуални апетити.

„Брандо често играше ча-ча-ча со нас. Можеше да игра до бесвест. Тој беше најшармантната личност која некогаш сум ја запознал“ – изјави тој.

„Тој би спиел со сите. Со буквално сите. Би имал секс и со поштенско сандаче. Џемјс Болдвин. Ричард Прајор. Марвин Геј. Не му беше важно. Му беше сеедно“ – изјави тој.

Џенифер Ли Прајор, вдовицата на актерот и стенд-ап комичарот, за TMZ изјави дека нејзиниот сопруг, кој не криел дека е бисексуалец, спиел со Брандо, како и тоа дека целосно би полудел доколку нивната врска тогаш била обелоденета.

„Тоа беа седумдесеттите! Дрогата се уште беше добра, посебно квалуд. Доколку земевте доволно кокаин тогаш ќе имавте секс и со радијатор, и уште би му испратиле и цвеќе наредното утро“ – изјави таа.

Комичарот, според нејзините тврдења, за своите сексуални врски пишувал во своите дневници, за кои се надева дека ќе бидат објавени во текот на оваа година.

Ричард Прајор, кој почина во 2005 година, се женел седум пати со пет различни жени.

Тој и Џенифер Ли Прајор се развеле после година дена брак во 1982 година, за повторно да се венчаат во 2001 година и да останат заедно се до неговата смрт.

Датум на објава: петок, 09 февруари 2018 во 12:34
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар