- Станува збор за силно мотивирани индивидуи, луѓе кои поголем дел од својот живот поминале во партиските структури и искусни политичари, така што во периодот што следи, убеден сум, да не бидам претенциозен, дека ВМРО-ДПМНЕ набрзо ќе застане на здрави нозе и ќе може што поскоро да издејствува предвремени парламентарни избори и да ја формира следната влада на РМ, изјави Мицкоски.

Тој информира дека Централниот комитет, на кој присуствувале 115 од 135 членови, речиси едногласно, со еден глас против го избрал новиот ИК кој првично бори 26 члена, но таа бројка, како што најави, ќе се проширува.

Мицкоски најави дека до крајот на месецов ќе биде подобрен партискиот статут и оти на правата седница на ИК ќе го предложи составот на советот на ИК, а во иднина и на советот на претседателот на партијата,  односно новите партиски тела што ги најави неодамна.

Одговарајќи на новинарски прашања лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека немал средба, ниту бил контактиран од виепремиерот за европски прашања Бујар Османи за преговорите за прашањето за името.

Според вечерашните одлуки на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, нов генерален секретар на партијата е поранешниот директор на ЈСП Скопје Игор Јанушев, а потпретседатели: Александар Николовски, Митко Јанчев и Владо Мисајловски.

За членови на ИК се избрани Влатко Ѓорчев, Коце Трајановски, Трајко Славевски, Ане Лашкоска, Даниела Рангелова, Владимир Нелоски, Игор Николов, Драги Димитриевски, Силвана Ангелеска, Тони Михајловски, Димитар Димовски, Дафина Стојаноска, Златко Перински, Дејан Јовановски, Дејанчо Ефтимов, Цветан Трипуновски, Игор Божиновски, Костадин Богданов, Бајрам Требишки, Иван Јорданов, Кирил Пецаков, Орце Ѓорѓиевски. Нов претседател на скопската градска организација на ВМРО-ДПМНЕ е избран Маријанчо Тодоровски. /МИА

Датум на објава: петок, 12 јануари 2018 во 21:49
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар