Како работела Дрисла, ќе проверува обвинителството. ОЈО постапката ја отворило по допрен глас. Од обвинитеслтвото за Канал 5 потврдија дека постојат основи за сторено кривично дело Загадување на животната средина и природата по член 218 од Кривичниот законик.

Во членот стои дека тој што нема да се придружува кон прописите за заштита на животната средина и со тоа предизвикува опасност по здравјето на луѓето, ќе биде казнет со затвор од четири до десет години. За служебно или одговорно лице, казната изнесува најмалку пет години.

Во насока на целосно утврдување на фактите, обвинителството испратило барање до Министерството за животна средина. Бараат податоци за досегашните извршени контроли за работењето на депонијата.

„Дрисла“ во 2012 година требало да добие нова печка за согорување на медицинскиот отпад која ќе ги исполнува еколошките стандарди, но од непознати причини тоа не се случило, соопшти градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

Набавката на нова печка е во тек. За следниот месец е предвидена инсталација на нов воден филтер на постоечката печка, со цел намалување на токсичните материи кои излегуваат од согорувањето на медицинскиот отпад. 

Датум на објава: петок, 12 јануари 2018 во 14:19
Тамара Стојкова
Обновено во: 15:49

коментари

остави коментар