На седницата присуствува само неговиот адвокат Александар Новакоски. 

Изминатите два дена апелациските судии на јавни седници ги разгледуваа жалбите поднесени од дел од осомничените за настаните во македонското Собрание. Беа разгледани жалбите на поранешниот министер за внатрешни работи и директор на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков, на поранешниот директор на Македонската опера и балет Игор Дурловски, како и за жалбите на Мунир Пепиќ од Агенцијата за разузнавање и Душко Лазаров, началник за специјални операции во МВР.

Се уште не се донесени одлуки и за жалбите на актерот Владо Јовановски и осомничените Горан Ѓошевски, шеф на обезбедувањето на поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски и Оливер Поповски од Шестата управа.

Во текот на денешниот ден се очекува Апелацискиот суд да објави дел од одлуките  за евентуално укинување на притворот за дел од осомничените од настаните од 27 април. 

Датум на објава: петок, 12 јануари 2018 во 13:56
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар