Снегот што напаѓа над еден метар височина за само 24 часа , ветрот и лавините ги блокираа зимските центри на Алпите .

На Италијанските Алпи, околу 10.000 туристи и локални жители се отсечени поради  лавини и  снежни наноси , а Швајцарските власти во близина на познатите врвови Матерхорн ги затворија скијачките , пешачките патеки, жичарниците, патиштата и возот во блискиот град Зермат, каде престојуваат околу 13.000 туристи.
Од туристичкото биро информираат дека струја има и оти сите гости се на безбедно .

Но , затоа на Францускиот дел од Алпите исчезна Британски скијач . 39 – годишниот Џон Бромел сакал во неделата за последен пат пред да замине групата да се спушти со сноубордот. Од тогаш му се губи трагата .
Спасувачите малку може да помогнат , бидејќи токмуво тој дел лавините носеа дрвја врз возилата во подножјето , а снегот целосно блокира цели села .

Поради ризикот од лавини , сите ски патеки во Тињес се затворени од неделата .

Алпите се зафатени со снежни врнежи , најсилни во последните 30 години . Како резултат на лавина , селото Коње е целосно отсечено од светот со снежен ѕид висок 20 метри .

Датум на објава: вторник, 09 јануари 2018 во 22:44
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар