Предвидено е да трае два и пол часа во кои публиката во МОБ ќе слуша рок и поп-хитови од 1980-тите и 1990-тите години. Влезниците се продаваат по цена од 800 денари.

Следен програмски термин на МОБ е 17 јануари кога ќе биде изведен балетот „Самсон и Далила“ на музика на Камиј Сен-Санс, а во последните два дена од месецов ќе има две изведби на балетот „Оревокршачка“ од Чајковски.

На 21 јануари напладне МОБ ќе организира и балетска претстава за деца „Снежана и седумте џуџиња“ од Богдан Павловски во режија, кореографија и инсценација на Витолд Борковски.

Балетот е според приказната на браќата Грим, а првпат во улогата на Снежана ќе настапи Стефанија Гаштарска, студентка на престижната балетска академија Бољшој во Москва. 

Датум на објава: среда, 03 јануари 2018 во 08:54
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 13:58

коментари

остави коментар