За  Сашо Василевски, третиот пратеник кој од понеделникот е во Шутка, дополнително ќе се одлучува. Потврдени се и одлуките за домашен притвор на Јохан Тарчуловски и Жаклина Пешевска. Третиот пратеник кој домашен притвор, Љупчо Димовски, воопшто не се жалел.

Во притвор остануваат и водачите на граѓанската иницијатива За заедничка Македонија – режисерто Борис Дамовски и актерот Владо Јовановски. Одлуката ја донесе Апелација на јавна седница. На Дамовски и Јовановски првично им беше одреден домашен притвор, но потоа по жлабата на обвинителството, одлуката беше преиначена и тие беа пренесени во истражниот затвор.

Обвинителот Момир Маричиќ од Вишо јавно обвинителството и денеска остана на ставот дека само на тој начин ќе се осигура нивното присуство во постапката.

„Сега сите се болни, на лекување, во депресија, на бањи…“, рече обвинителот, посочувајќи дека Дамовски, кој беше водач на граѓанската иницијатива, е еден од главните обвинети во предметот.

Адвокатите на осомничените пак, сметаа дека и со поблага мерка може да се обезбеди непречена истрага за настаните од 27 април.
Адвокатот на Дамовски, Миле Петровски, аргуменитираше дека неговиот клиент уредно се јавил во полициската станица и бил дома кога бил направен претресот.

Адвокатот на актерот Јовановски, Ставре Џиков рече дека нема потреба од притвор, бидејќи осомничениот е  јавна личност која не била претходно осудувана и која нема лош углед. „Притворот е казна“, рече Џиков кој утрово бил во посета на Јовановски во истражниот затвор.


Датум на објава: четврток, 07 декември 2017 во 17:12
Гоце Михајлоски
Обновено во: 17:17

коментари

остави коментар