Урумов од ДИК за Канал 5 рече дека  деновиве во договор со колегите парите ќе ги донираат на Детската или на Клиниката за гинекологија. Прекупуца, пак, ни изјави  дека се уште не одлучил, но доколку ги донира тоа ќе биде според традицијата и законите на исламската вера – тајно. Дума, Срцев, Бонева не беа достапни. Дали има корупција во бонусите на ДИК. Според претседателот на Антикорупциската комисија Тантуровски, Изборниот законик овозможува, ДИК со сопствен акт да ги одредува надоместоците за  изборните активности. Во меѓувреме јавноста бара оставки.

Во делот на она што се повикува на морал јас лично не навлегувам бидејќи моралниот аспект го носи секој од нас во себе и нивната одлука да ја преиспитаат одлуката доаѓа во делот на моралниот аспект како што еве и одговараат на прозивките во јавноста, рече Тантуровски.

Во Антикорупциската формирана е дополнителна работна група  која ќе ги  проверува дискреционите овластувања на сите нивоа на власта. Ќе се проверуваат етапно. Во некои од нив според Тантуровски биле констатирани такви ризици.



Датум на објава: четврток, 07 декември 2017 во 15:29
Весна Велкова Тодоровска
Обновено во: 15:51

коментари

остави коментар