Во говорот во Белата куќа ,  што го очекуваше целиот свет , Трамп рече дека ваквиот негов потег е ветување што го давале неколку Американски претседатели , но не успеле да го исполнат ветувањето кон Израел .

Знае дека прашањето може да го наруши мирот на Блискиот исток , но смета дека немал намера да ја наруши посветеноста на САД кон траен мир во регионот. Израелскиот премиер Нетанјаху ваквиот потег го нарече историски , додека за движењето Хамас тоа ги отвора вратите на пеколот .

И Папата Франциск повика да не се нарушува постојниот статус на Ерусалим . Турскиот претседател Ердоган предупреди дека ваквиот потег ќе предизвика несогледливи последици за регионот , но и за целиот свет . Британската премиерка Тереза Меј , пак , најави дека ќе разговара со Трамп и ќе се обиде тој да ја повлече ваквата одлука , со која се загрозува мировниот процес .
Додека светот е во шок , Стејт департментот ги предупреди своите граѓани да не патуваат во регионот поради опасност од насилни протести.

Иако Американските дипломати најавија дека процесот на префрлање на амбасадата на САД од Тел Авив во Ерусалим може да потрае со години , Трамп им нареди да почнат веднаш да го осваруваат неговото ветување. 

Датум на објава: среда, 06 декември 2017 во 19:59
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар