„Сметам дека со лично јавување пред истражните органи во Службата за безбедност на Украина, Михаил Саакашвили ќе и помогне на државата што ја сака“, изјави во парламентот главниот обвинител Јури Луценко и додаде дека полицијата ќе го приведе по истекот на тие 24 часа.

Луценко кажа дека обвинителството располага со докази дека претставник на Саакашвили добил 500 илјади долари од украински бизнисмени со врски во Русија за финансирање на проекти.

Датум на објава: вторник, 05 декември 2017 во 21:17
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар