Изложбата ја отворија холандскиот амбасадор во Македонија Воутер Пломп и министерот за култура Роберт Алаѓозовски и ќе може да се посети до 17 декември.

Pride Photo Award е меѓународен годишен фотографски конкурс со фокус на сексуалниот диверзитет и родовиот идентитет. Секоја година фотографи ширум светот ги споделуваат своите најкреативни, најпредизвикувачки и нестереотипни погледи на родот и сексуалноста. Меѓународно експертско жири ги селектира најдобрите дела по што се организира светска изложба. Изложбата досега била поставена во Амстердам, Болоња, Џакарта, Ханој и во Сан Франциско.

Според организаторот на изложбата, целта на  Pride Photo Award е да придонесе кон поправичен и инклузивен свет преку видливост на сексуалниот и родов диверзитет и создавање свесност за „другиот“. /МИА

Датум на објава: вторник, 05 декември 2017 во 21:05
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар