Според него, „Дони Дарк“, која раскажува за социјално интегрирање на млад слеп човек во општеството, е одлична претстава која, како што рече, откако ќе ја гледате ве тера на размислување.

Лазовски најави дека денеска ќе има средба со министерот за култура и информирање на Србија Владан Вукосављевиќ. - Ќе раазговараме за поблиска културна соработка која меѓу Македонија и Србија е на одлично ниво, изјави Лазовски.

Режисерот  Ристов првпат се преставува пред белградската публика. - Ова е претстава со специфична тематика, за социјално интегрирање на еден млад слеп човек во општеството, притоа доловувајќи ги различнитите емотивни фази низ кои тој поминува, како и останатите ликови на сцената. Ова е место каде што се одржува и најголемиот театарски фестивал на бившите југословенски простори и поради тоа ова е добар репер да се почне со едно убаво гостување во еден голем и убав театар, изјави Ристов.

Во актерската екипа на „Дони Дарк“ се Даријан Петров, Мирјана Поповска-Ристов, Магдалена Ризова Черних и Сашо Ристовски. Костимографијата на преставата е на Елена Лука, музиката на Гаро Тавитјан, а во претставата учествуваше и челистот Дејан Цветковски.

Датум на објава: вторник, 05 декември 2017 во 09:54
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар