Големите суши во државата ги открија остатоците на напуштениот град , кој се издигна од водата .
Градот бил потопен во 1959 година , за да се направи акумулација за наводнување на земјоделскиот регион Алто Нехериља. Жителите биле иселени на северот на Шпанија . Водата ја преполнила долината , а само старите жители се сеќавале дека таму има град .

Сега , по сушното лето , градот се појави како туристичка атракција . Иселените жители се вратија за да влезат уште еднаш во своите домови , а туристите за да ги забележат зачуваните градби .



Датум на објава: понеделник, 04 декември 2017 во 21:47
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар