Атрактивната градоначалничка , која живеела на висока нога во еден од најсиромашните градови во Бразил со 40 000 жители , е осудена за невиден грабеж . Таа крадела пари од буџетот на градот , а со општината управувала преку интернет . 27 – годишната градоначалничка воопшто не живеела во сиромашниот град , туку во луксузна вила на 290 километри подалеку .

На општинската управа им делела задолженија преку мобилната апликација WhatsApp. По цели две години од почетокот на судскиот процес и шест години поминати во домашен притвор , судот и определи затворска казна од 14 години и еден месец . Иако главнината од парите се од фондот за образование на најсиромашните , градоначалничката има право на жалба .

Истрагата за кражба почнала откако во училиштата немало оброци за децата , од кои голем дел тоа им била единствена храна во текот на денот.

Во исто време на социјалните мрежи почнале да се појавуваат фотографии од луксузниот живот на градоначалничката .

Датум на објава: понеделник, 04 декември 2017 во 17:04
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар